Телма: Дали кичевчанката Веселка Спасеноска била жртва на трговија со човечки органи?

Вели Веселка одамна имала извесни психички проблеми, но со години таа била грижлива сопруга и мајка. Gо одржувала семејството, ја чувала својата внука, ниту била склeротична, ниту пак од дома излегувала без најава дури и кога одела да пазари до блиската продавница.

„Се сомневам дека е жената грабната, дека е кидинапирана за органи, така умот ме тераше, ама луѓе ме разубедуваа, правевме муабети дека нема шанси, бидејќи била болна, да не скокнала во река, реков мене никој не може да ме разубедува дека од полиција, нема теорија викаат, а во Кичево имало такви случаи пред две-три години наназад“, реагира Спасеноски, сопругот на Веселка.

За Спасеноски е чудно како се уште не го добил извештајот од обдукцијата. Доколку е удавена во водите на Треска, а речните риби изгризале делови од телото вели, тогаш зошто Веселка немала коса, и бил изваден скалпот на главата, и зошто едната рака и била пресечена како со пила.Тој инсистира МВР да ја заокружи истражната постапка и да му ги презентира резултатите.

„Јас сум граѓанин на оваа држава, да ми ја исполнат граѓанската должност, да знам дали е жена ми навистина како што се сомневам јас, дека е навистина киднапирана, или нека го докажат тие спротивното како што ми тврдат дека жена ми е најдена во река и дека телото и било јадено, како што пишува на потврдата“, вели Спасеноски.

Спасеноски најавуваат дека доколку не добијат одговор од МВР, своите сомнежи ќе ги расчистуваат на суд.

Извор Телма

Leave a Reply

Your email address will not be published.