Зошто ДПМНЕ толку го мрази Бранко…???

(Текстов е контраколумна на најновата колумна на Влатко Ѓорчев, со наслов „Зошто СДСМ толку го мрази Груевски“, па со сосема мали корекции во неговиот текст, му го испраќам оригиналниот текст, и нему и вам почитувани читатели)  

Зошто на нашава ДПМНЕ-овска власт не им чини Бранко Црвенковски? Зошто толку негативна енергија кон него? Од каде толку гнев, толку отровни стрели кон него? Од каде инспирација за тони мастило, видео спотови со времетраење на долгометражни документарни и играни филмови, најцрни кампањи по сите расположиви медиуми, кои секој месец седум ипол години ги трошат пишувајќи и зборувајќи против него? Одиме по ред.

Прво, гневот и лутината им произлегуваат од стравот. Стравот од помислата, што ако СДСМ победат? Што ако Бранко се врати на власт? Каде ќе се сокријат? Немоќта да се победи на фер избори ја покриваат со ајдуклук, па се користат сите расположиви средства, моќта на власта и парите на граѓаните, само да не се дозволи тоа од што најмногу се плашат, Бранко и СДСМ да дојдат на власт, затоа што знаат дека на фер избори се поразени. Немоќта да се убеди македонскиот народ и тој да го замрази Бранко и СДСМ, како што тие го мразат, да го избрише, да го пречкрта од сеќавањата и постоењето, е резултат на стравот на ДПМНЕ. Наместо него, македонскиот народ сè појасно и погласно ги пречкртува нив, ДПМНЕ-овските властодршци. Во континуитет. Сè појасна и поотворена е поддршката на Шекеринска и Заев.

Да беше Бранко загубен во времето и просторот како што со години пишуваат, тие немаше толку да се тревожат. Немаше толку да бидат возбудени и жолчни од самото спомнување на името Бранко. Немаше да се плашат до волку. Немаше да ги прекрстуваат и сопствените деца, ако ете, сосема случајно по името на дедовците и тие биле крстени Бранко. Чувствувајќи ја својата супериорност, ќе беа надмоќни и самоуверени, и ќе го уапсеа. И не само него, туку сите кои се против нив. Немаше да бидат нервозни, и да трескаат глупости на прес конференции, туку ќе направеа Бранко и неговите „деца“ наследници, да паднат расчекорени на асфалт или во три часот сабајле во домашен амбиент во спална соба и во пижами, па преку директен пренос ќе ги испратеа пред истражен судија, кој однапред им ја одредил мерката притвор во траење од 30 дена. И таму ќе окапеа до конечната пресуда. Чекаат уплашените властодршци цели 7 години да го направат ова, ама не им оди. Зошто? Одговорете сами. Освен вербално оцрнување, иако физички имаат, тие најдобро знаат дека, правно кривично, немаат за што да им се фатат, и на Бранко и на Заев.

Второ, омразата кон Бранко произлегува затоа што првите виолини на ДПМНЕ не можат да го копираат. Мислам, дајте, да се разбереме, ова, ни во сон. Го копираа со одење на пазари, се обидоа со перманентна кампања, со тропање по сите можни медиуми. И програма напишаа. Демек, со рокови, проекти, конкретни ветувања. ЈБГ, граѓаните, не само што ја видоа, туку и директно ја осетија Боксерската програма по сопствениот стандард, седум ипол години, од година во година, од сиромашни посиромашни, а некој се богати и луксузира во нивно име и со нивни пари, и токму затоа, после седум ипол години, сè повеќе довербата им ја даваат на СДСМ и на „децата“ на Бранко. Ја видоа вистинската ајдучка реализација на ДПМНЕ-овските програми и рокови.

Трето, го мразат поради отпорноста на нивните афери, клевети и критики. Нема работа што не ја кажаа против него. И за него, и за соработниците, и за семејството. Ги напаѓаа неговите резултати, неговите проекти, неговите дела, неговите соработници, неговиот личен живот, неговото семејство, неговата работа. Им пречеше тоа дека знае да се облекува, дека тоа што го носи на себе му личи, дека знае да оди, а не да шутира фудбали како раштрафена марионета. Го напаѓаа и како премиер, и како претседател, и како лидер на опозицијата, и како лидер на СДСМ, и од сонце и од сенка. Се подбиваа, озборуваа, го исмеваа.

Но, му завидуваа. Му завидуваа на отпорноста на сите овие критики, на сите овие напади. Беше лош дури и кога побара да се направат Уставни промени, за да може власта на ДПМНЕ полесно да го уапси. Блефира, рекоа преплашените коркачи од власта, и продолжија со голи популистички обвинувања против Бранко, затоа што немаа ништо друго. Затоа уште повеќе го замразија. Затоа што знаеја дека го мисли тоа што го кажува. Дека многу се разликува од првите ропачки ДПМНЕ-овски виолини.

Четврто, поради вистинскиот рејтинг. Го мразеа поради рејтингот што всушност значи вистинска, права доверба од мнозинството на народот, а Бранко тоа го покажа и докажа на изборите 2011 година. Мнозинството беше против оваа власт. Првенците на ДПМНЕ го мразеа затоа што преку растот на неговиот рејтинг ја гледаа недовербата кон нив. Пробаа со наместени анкети во кои Бранко има најмал рејтинг и не успеаја, па затоа ги фалсификуваа изборите. И парламентарните и локалните. И што ако се на власт, и што ако Бранко го предаде кормилото на Бихаќка, кога од сеништето Бранко сè уште немаат мир, сон, крв. Е тоа е страв.

Петто, преплашени се од резултатите, од делата и проектите кои ги реализираа, а од кои за само четири месеци од само една општина, Центар, излегоа на површина тешки криминали, и ропачка лакомост. И знаат уплашените ДПМНЕ-овци дека џабе им е што секои 3 месеци Боксерот отвора повеќе објекти отколку оние на СДСМ последниве 23 години. А колку повеќе го засилуваат тоа темпо, обично го прават пред избори, толку повеќе излегува на површина стравот од СДСМ и од сеништето Бранко, затоа што сè што прават, не само што корне на криминал, туку е и на директна штета на граѓаните. Погледнете во изминативе 3 месеци или кои било други 3 месеци изминативе 7 години, и сè ќе ви стане јасно. Продолжуваат да си играат со парите на граѓаните, да крадат, да нè задолжуваат, да нè манипулираат. Последниве 3 месеци ги зголемија земјоделските субвенции, најавија асфалтирање на патишта, Боксерот ја отвори фабриката на „Џонсон контролс” во Штип, каде што веќе работат 700 луѓе, отворија Аквапарк во Скопје, најавија комплетно нов Kлинички центар во Скопје, го отворија Стариот театар, пројдоа низ 1.500 метри тунел на патот за Гевгелија, ја потврдија новата фабрика во Велес, најавија нова фабрика во Kочани, ја договорија новата фабрика во Kичево. И? Јамп во најава. Шије ми га Ѓура од најави, кога се’ е поврзано со пљачка на народните пари. Ете, затоа ДПМНЕ се плаши од СДСМ и од сеништето Бранко.

И продолжуваат да се плашат, а кога се во страв тогаш ги прават и најкрупните грешки. Почнуваат засилено да лажат, да ветуваат, да се закануваат и да ја празнат државната каса за шуплива себепромоција, па најавуваат уште еден „Јамп“ во веќе познатиот стил, и тврдат дека го обезбедиле финансирањето на патот кон Охрид и кон источна Македонија, а во меѓувреме го лажат народот како дете со чоколадо, отворајќи му спортска сала во Ростуше, а тие не можат да одат, камо ли да трчаат и спортуваат, отвори катна гаража во Центар, со цена на билет боли глава, зградата на Археолошкиот музеј, каде ќе заштедат пари за восочна фигура, затоа што ќе го изложат лично Паско, па ја почнаа изградбата на ТИРЗ Струмица, по заслуга на Заев, па најавија нови вагони во железницата, отворија турска млекарница „Суташ”, интензивно ја градат новата фабрика за автобуси „Ван Хол”, а „Џонсон Мети” завршил со триплирањето на својата фабрика во Бунарџик. Само македонскиот народ завршува на прво место по сиромаштија и беда. И тоа што треба да оддекне највеќе, со конкретен датум, го најавија зголемувањето на пензиите, платите и на социјалната помош. Сето тоа е последниве 3 месеци. Е па, другарице и другови, кој е тој паметен или наивен кој ќе поверува во сите овие Боксерски Јампови во најава? Е тоа е резултат на стравот од СДСМ и од Бранко.

Шесто, го мразат Бранко, поради неговата отвореност, директност и јаснотија, додека кај Боксерот, на пример, се судираат отвореноста и стабилноста. Конспиративноста му е правило за опстанок бр.1, бега од соочување со јавноста како ѓавол од темјан, додека стабилноста му се гледа преку континуитетот на клучните министри. Тој не е како Бранко, па ако на министер му потоне брод на Охридско и се удават туристи, ако обезбедувањето му убие младо момче на прослава на плоштад, или прегази старец на пешачки, му умре пациент од инфузија, му загине прегладнет работник паѓајќи од скеле на грандиозниот владин проект СК 2014, заради затајување податоци во имотни листови, па своите први соработници да ги менува како на филмска лента, да се откажува од нив, да ги казнува. Боксерот не е човек што ќе помисли да го направи тоа. Тоа за него е несвојствено, неоправдано, и не попушта на притисокот за интерпелација на министер или за тоа кој ќе го смени првиот човек на Собранието затоа што син му го фатиле со дрога на граничен премин, или дал наредба на сила да се отстранат опозициките пратеници од Парламентот. Не, вакви работи може да му личат на Бранко, ама на Боксерот, ц’к. Ете, затоа е огромниот страв од Бранко и од СДСМ.

Седмо, го мразат Бранко и СДСМ, затоа што не запираат во намерата да се соочат на фер избори, затоа што не помислуваат да се извинуваат на незаситни криминалци. Замислете, по 7 години власт ДПМНЕ тераат еднакво упорно и фокусирано како и во првата година. Удрете со сите оружја и не штедете пари, само продолжете во оцрнувањето на ликовите и делата на СДСМ-овците, а посебно на Бранко и Заев. Темпото го наметнува лично тој, Боксерот, а сите полтрони околу него, заради стравот од губење на власта, кое за нив ќе значи конфискација и робија, недвојбено, како најголеми слепци исполнуваат и слушаат. Бранко е крив, мора да стане и да остане единствена парола ЗА СПАС НА БОКСЕРОТ И ФАМИЛИЈАТА.

Бранко има свои силни и секако слаби страни, ама, од аманетот кој го пренел кај Заев и Рада, никогаш нема да се откаже. Некогаш имал повеќе или помалку успех, имал и грешки и пропусти, ама ќе остане трезвен, убав и паметен кога ќе го доживее и тој момент. Кога сè што е опљачкано од државава ќе се врати, а богами и ќе се плати, по цена и тој лично да настрада. Но, дури и тогаш, најголемите критичари не можат да му ги оспорат карактеристиките дека е далеку поуспешен политичар од Боксерот. Затоа и толку го мразат: поради немоќта кон него, поради неможноста да го копираат, поради отпорноста, поради отвореноста и доследноста, поради отворената цел и упорноста да се расчисти и со неговата, ама и со последнава, најкриминална Боксерска транзиција, поради комплексите набиени од него. Тие го мразат, и нека го маразат, но, сè повеќе го поддржуваат тие што се најважни. Граѓаните. Во ДПМНЕ многу добро го знаат овој податок. Џабе им е омразата, кога се свесни дека доколку прифатат ФЕР избори и така се соочат со граѓаните, кои за нивна жал сè повеќе се ослободуваат од Боксерскиот страв, и гледаат, и споредуваат, ќе наебат. Ете, затоа толку многу ДПМНЕ го мрази Барнко… 

Leave a Reply

Your email address will not be published.