Зошто кавадарчани се враќаат 6.000 години назад

Зошто Општина Кавадарци паламуди да го промени името на плоштадот од Маршал Тито во Филип Петти

 

Кој може да проникне во мистиката и зошто кај нас – под патронажа на сердарите на власт – се менува културниот код и се менува името на кавадарчекиот плоштад и улиците? На прва топка, потребно е да си локален шаман како би можел да проникнеш во мистиката на акцијата, а ако не си тоа, веројатно работите се кристализираат на ниво на разумен граѓанин.


Имено, зошто општинарите на град Кавадарци добија директива-акција „од горе“ – за промена од Маршал Тито во Филип Петти? Ваквата меморијална нестабилност многу повеќе зборува од каков материјал е направен „властодржавничкиот народ“ на груевистите. Мојата екипа и јас, баш убави моменти поминавме и се’ уште поминуваме на плоштадот со име Маршал Тито. Првиот впечаток ми беше: не е накинѓурен со споменици, прилично е прегледен и дозволува луѓето непречено да се движат и комуницираат меѓу себе. Претпоставувам – мрзејќи ме да ашкам по историските факти за плоштадот – порано некој го крстил тој плоштад со име Маршал Тито. Но, она што всушност ме интересира и ’ за кое не ме мрзеше да истражам е – разликата од минатото со разликата на денешниве контрареволуционери.

 

Прво, во 2009 година ги исекоа сите дрва во центарот на градот (сердари, им се може не’ прашувајќи никого!), го поплочија целиот плоштад со сиво-мрачна плочка, за потоа – после пет години – со симболиката и нарацијата – ќе се обидат на некоја наредна седница на советот, да ја променат со историска именка (која е само именка и ништо не значи!) – Филип Петти. 


Врменскиот процеп – она што го истражувам! – е запрепастувачки огромен за ние да не се запрашаме – за што по ѓаволите се работи? Точно е, ударниците на Тито после војната, на сличен начин ги преименуваа и’ улиците и’ спомениците на сите кралеви и кнезови, ама тоа ништо не објаснува, сердари! A тоа што се објаснува е дека на дело ја имаме истата состојба на духот, сердари: преименувањето на плоштадот и’ улиците во Кавадарци се само објект на кои се изживува деструкцијата настаната од стравичната внатрешна нестабилност. Ваквиот однос према наследството сведочи за уште пострашната историска свест. 
Сердарите на груевизмот можат да го променат името на плоштадот како и имињата на сите улици – бројчано су надбројчани, aма не можат да се вивнат кон „стварноста“ на историјата затоа што се’ уште цупкаат во полумракот сочинет и создаден на лажни митологии. 


Тамо кајшто историската свест е артикулирана, имињата на улиците се сурово сведоштво на континуитетот на минатото; а бидејќи минатото не може да се промени, дури не може да се промени ниту минатото на никој тамо во Општината – без разлика на нивото лично или колективно мислење – не може да им пречи името Маршал Тито! Па, наместо „Општинските законодавци“, со помош на историската свест,  да ја градaт и уредуваат сегашноста, тие ко боси сердари тргнале да ја преуредуваат и градат историјата! 

 

– Да се смени името на плоштадот, урлаат десните. 
– Опааа, го рехабилитираат Филип Петти и антиката, урлаат левите.


Дали за џабе предупредувам дека нашата реалност, онаква каква е, е дериват на историско делување (?), и дали е џабе да се предупредува дека гореспоменатите – Тито и Филип – се одамна изумрени и нема никаква потреба да ги водиме нивните војни!? Зошто едноставно не ги прифатиме овие историски факти и видиме што ние ќе правиме со сегашноста?!
Откога дојдоа груевистите на власт се’ накотија толку многу историски школи – што во пропагандните гласила, што во академската јавност, едните преку телевизорот, другите преку образовните институции, па перат-ли-перат-мозоци. 

 

А, пак, од точка на обичен граѓанин и смртник – каква е онаа земја, каков е оној град во кој ради идеолошко лудило, мораш да се вратиш 6.000 години наназад?

Leave a Reply

Your email address will not be published.