ЕКСКЛУЗИВНО: Премиерот Зоран Заев утре во посета на Кавадарци!

Зоран Заев доаѓа во Кавадарци, ќе разговара и одговара на прашања на кавадарчани

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, доаѓа во посета во општина Кавадарци. Целта на посетата е преку директен пристап на премиерот со граѓаните од овој град да бидат слушнати нивните проблеми, идеи, дилеми, како и прашања кои ги имаат да ги упатат кон него.

На средбата ќе се дискутира за потребите и проблемите на жителите од општина Кавадарци а притоа ќе биде претставена и визијата за Кавадарци како модерен европски град. На прашања на кавадарчани свои одговори ќе дадат пермиерот Заев како и кандидатот за градоначалник на општина Кавадарци, Бетиане Китев.

Настанот ќе се одржи во недела (22 октомври) во 13:00 часот во паркчето спроти полицијата во Кавадарци.

Зоран Заев утре доаѓа во Кавадарци