ЗНМ ги прекина контактите со власта

Здружението информира дека сопствениците на неколку регионални медиуми во Битола, Струмица и Штип со закана за добивање на отказ бараат од новинарите да потпишат пристапница на МАН. Сопствениците признаваат дека притисокот врз нив е изразен преку закана да не добиваат реклами. Здружението на новинари нагласува дека станува збор за заплашување на новинари од страна на функционери моќници со што се загрозува слободата на изразување. ЗНМ ги повикува новинарите да не потклекнат на ваквите притисоци, а претставниците на локалната и централната власт веднаш да престанат со заканите.

Преку соопштение Македонската асоцијација на новинари ги отфрла тврдењата на ЗНМ оценувајќи дека Здружението, всушност е загрижено за својот две децениски монополски статус и финансиите кои ги добива.

Извор Телма

Leave a Reply

Your email address will not be published.