Златото расте на дрво

Австралиските научници тврдат дека пронашле крајно неочекуван показател за присуство на злато во големите длабочини: мали траги на листовите на еукалиптусот кои потекнуваат од длабочините на утробата на земјата.

Ова откритие би можело да им помогне на истражувачите во периодот кога новите пронаоѓалишта на злато ќе се преполоват, а цената на истото ќе скокне до небо.

Научниците наведуваат:

„Врската помеѓу растот на вегетацијата и златните депозити би можела да помогне во развојот на нови техники за експлоатација на минералите“.

Во потрага по вода, стеблата на еукалиптусот, кои растат во сушните предели на Австралија, можат да ги пуштат своите корени длабоко во земјата, продирајќи дури и до слоевите богати со златни наслаги каде црпејќи вода апсорбираат и микроскопски честички на металот.

Научниците тврдат дека растението преку својот корен го апсорбира златото кое патува преку стеблото сè до листот.

Австралиските научници ги проучувале стеблата на еукалиптусот кои растат на две пронаоѓалишта на злато во јужна и западна Австралија користејќи рентген снимки на листовите, гранките, кората и почвата.

Стеблата на еукалиптусот, кои можат да пораснат и до 10 метри височина, имаат развиено необичен систем на корења кои се симнуваат и до 40 метри во длабочина. Научниците успеаја да забележат многу мала концентрација на злато и тоа исклучиво на листовите на највисоките делови од дрвото.

Научниците велат дека златото најверојатно е штетно за растението, па затоа тоа го испраќа истото во своите екстремитети, како листовите на врвот на дрвото.

Погледнете го видеото за еукалиптусот и златото кое „расте“ на дрвото:

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.