ТЕЛМА: Живот без пари, храна на вересија

Останатите денови едвај преживуваат од милоста на поединци или од народните кујни. Локалните власти делумно се заинтересирани за овој проблем и подготвени да им помогнат на сиромашните семејства, но Централната власт упорно се оглушува, реагираат од Коалицијата за борба против гладта и потенцираат дека пренизок е процентот на граѓани со примања од 20 до 30 илјади денари.

Гладта не ја заобиколува ниту Струмица, и покрај тоа што се работи за еден од најразвиените земјоделски региони во државата.

Во тетовскиот регион пак, сиромаштијата најмногу се чувствува во руралните подрачја.

Од друга страна, илјадници тони храна завршуваат на депониите. Тоа се најчесто производи од макерите низ земјата. Само дел од нив досега се согласиле храната на која се`уште не и` е истечен рокот да ја депонираат во единствената Банка за храна во Македонија.

Извор Телма

Leave a Reply

Your email address will not be published.