Живеам да ми помине времето?

Живееме во земја во која моќниците се договориле дека треба да не замолчат, на рати. Судењата траат со години а правосилните пресуди не обврзуваат никого. Неодамна е донесена пресуда според која ‘хрватските’ банки мораат нешто ситно да им исплатат на бедниците кои подигнале кредит во швајцарци. На банките баш им е гајле за пресудата а на Државата за сто илјади нијзини некои мртви некои полуживи граѓани. да озрачила толку луѓе електраната Кршко би добиле пари иако таа нуклерна е побенигна од ‘хрватските’ банки. На здружението од граѓани гледаат како на дружина од наивни луѓе која, бог знае од што предизвикана, верува во институциите на хрватскиот режим.

Ги живееме своите бесмислени животи работејќи како стока. Во кратките паузи гневно испраќаме пораки до себе сличните: “Се претплати ли на Лист? Имаш ли купон?” “Зошто” “Ако имаш купон можеш на децата да им купиш чорапи во Бебе, со педесет проценти попуст.” Кога сериозно ќе се разболиме во рушевините наречени болници умираме брзо од сепса бидејќи лековите против сепса се скапи и резервирани … Па, знаете за кого.

Ништо не може да не вознемири освен кога некој со капа на глава Американецот во поморанџеста одора ќе го скрати за глава. Зошто тоа не погодува во срце? Затоа што се плашиме од муслиманите, тие се светското службено ЗЛО. Денес сечат глави на американските новинари, утре ќе затропаат на нашата врата. На Нашата врата? Но ние немаме своја врата? Зошто на Американците годишно им плаќаме НАТО чланарина од 3 милиони евра во кеш и бог знае колку во месо? Обама рече дека му треба уште бидејќи доаѓаат Русите. Зошто се плашиме од Русите? Дали во оваа приказна за стравот акцентот е на ебењето или на извршителите. Ако ни го стави Американецот ќе свршиме, ако ни го стави Русинот тоа е силување? Кога овие денови на Американците ќе им платиме уште милион евра ќе доживееме оргазам?

Не можат да не вознемират ниту 600 милиони евра годишна чланарина за ЕУ. Што добивме од таа уплата? Вистински да се навлажниме кога Меркелица ќе се појави во Дубовник но не и вистински да дознаеме зошто Меркелица се појавила во Дубровник.

Има ли логика во нашето самоубиствено молчење? Има. Некој одамна ни рекол дека спасот е во надежта. Во надежта дека ‘хрватските’ банки ќе спознаат дека е подобро на магарето да му дадат малку слама бидејќи магарето на кое му се гледаат коските е поисплатливо отколку здраво. Дека Меркелица и компанијата ќе спознаат дека Хрватите се човекови битија. Дека НАТО нашите деца нема да ги испрача во своите битки за нафта. Дека католичките попови ќе слушаат што им вели Папата. Бај д веј, англискиот е моја јака страна. Папата зборуваше, и зборуваше и зборуваше … Знаеме што му се случило иако никогаш нема да ги дознаеме деталите.

Кога се ќе нанижам вака, молчењето навистина е злато. Животот е само еден. Подобро 50 години да се живее како овца отколку еден ден како лав. Јас нема никогаш да го отплатам кредитот во швајцарци затоа нема никогаш да купам автомобил па нема да доживеам автомобилска несреќа. Сите мои пријатели се ограбени. Ограбени јадат малку па нема да с еудават во холестерол. Ограбени па се коска и кожа и нема да се квалификуваат за НАТО војската. Сиромашните имаат малку или ништо па не радува секој курац. И оној од три сантиметри.

Сопственикот на банката ебе девојка од дваесет години па умира на неа бидејќи вијагра и фибрилација не идат заедно. Турбо – богатите жени стареат еднакво како и ние. Нивната траума е поголема бидејќи можат да платат за нож а ножот не помага. Вратовите на богатите деца во рака ги држи валканата рака на дилерите. Богатите се често депресивни. Се бесат, си пукаат во уста. Ебати животот кога не можеш ниту да заспиеш ниту да сонуваш. Ние, ние немаме време за анализи. 

Можеби молчењето е сепак злато? Ебати животот во кој уживаш само кога сонуваш? А повторно, Мартин Лутер Кинг рекол, ај хев а дрим, па го убија. Ниту сонувањето не е некоја среќа. Што сакам јас од животот? Каде е среќата?
 

 

 

Извор: www.rudan.info

Превод: Попова

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.