Зголемувањето на пензиите е класична манипулација
Најавата за повисоки пензии за 8 проценти е владина активност, преку која политички се манипулираат стотици илјади граѓани, велат од невладината „Транспарентност – Македонија“, според која оваа мерка е продолжение на серијата лопати и ленти, безброј реклами, и раздвижување на вработените во сите сектори од почетокот на годината. Во јануарскиот извештај констатирале дека фондот за пенизиско и инвладиско осигуравање од две илајди и осма навака работи со буџетски дефицит од 22%, пари кои се надоместуваат од државниот буџет.
„Треба да им се даде до знаење на пензионерите што се прави со нивните пари. Сето, ова според закон, бидејќи нема да се одвива за време на најавената изборна кампања, и според спаѓа во „редовните активности на Владата“. Целата политичка и изборна корупција, и според новиот, консензуално прифатен Изборен законик, Владата може да ја заврши на време“, вели Ана Јаневеска- Делева
Иако, овие владини мерки и политики се претставени како економско-социјални мерки, сепак, фактот што тие интензивно се најавуваат во време кога се распишани избори, не може, а да не наведе на констатација дека Владата се става во функција на претстојните избори и ја засилува поддршката за владеачката партија, вели Делева.
„ Со почетокот на годинава власта го спроведува агресивното предизборно сценарио според кое ситевладини функционери, државни институции и провладини медиуми мора да ги форсираат тезите дека: Македонија е меѓу водечките земји според економскиот раст во Европа;Македонија е инвестициски рај, со наплив на нови странски инвестиции;Македонија е ниско задолжена земја која дополнително може да се задолжува;Во Македонија невработеноста драстично се намали, како резултат на владините политики. Според ТМ суштината на овие тези не кореспондира со реалноста и ваквото сценарио претставува дување на еден шпекулативен балон којшто, на крајот, не може да не пукне“, додава Делева
Кога е во прашање економскиот раст изразен преку порастот на бруто-домашниот производ, граѓаните се изложени на манипулација предводена од премиерот Груевски, министерот за финансии Ставрески, потенцираат од Транспарентност МАкедонија, укажувајќи дека државниот завод за статистика во третото тромесечје од 2013, консататирал извоз од 8,8%, но во истиот тој период и индустријата и земјоделството забележале доста понизок раст од 1,7% и 1,1%, а според нив манипулацијата е очигледна и кога е во прашање јавниот долг на земјата. Понатаму во извештајот се наведува дека новиот Закон за медиуми и Правилникот за казнување го одбележаа владеењето на нетранспарентна процедура во собраниската сала во месец јануари.
Извор Телма
{facebookpopup}