Зголемувањето на пензиите е владина манипулација

Во нивното соопштение велат дека Владата на Република Македонија, без трошка совест, го воведе терминот „зголемување на пензиите“, само во функција на сопствен маркетинг, а го суспендира член 37 од Законот за ПИО, со кој се регулира редовното усогласување на пензиите. Вторпат, сака пензионерите „да ги преведе жедни преку вода“, во што, на општо изненадување – од само ним познати причини, добива поданичка подршка, од Сојузот на здруженијата на пензионерите.

Пензионерите потенцираат дека самите си ги заработиле пензиите со финансирање на Фондот за ПИО. Секоја влада има обврска да ги гарантира и да ги исплаќа пензиите, во спротивно ќе се соочи со гневот на многубројните пензионери во Република Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.