Згаснат ли е огнот во СДСМ?

Му се случи ли “Џилас” на СДСМ ? Дали им се случува “второ влечење” на пратениците овојпат од сопствената партија ? Занимавањето со опозицијата често пати се оквалификува како непотребна, шетна и провладина позиција која има за цел да се наруши единството.Се разбира дека тоа е така , во случај ако тоа навистина постои.Постои ли сега единство во редовите на СДСМ?

Згаснат ли е огнот во СДСМ ? Пратениците се важна ,група, во претставувањето на секоја политичка партија.Иако во јавноста владее уверувањето дека тие се “кријат” под чадорот на лидерот и партијата , сепак се води сметка кои личности ќе бидат претставени пред граѓаните и евентуално со нивниот избор и во претставничкиот дом.Ако не би било така на листите наместо личности би стоеле бројки, букви, кратенки или други знаци. Некаде се запазува процедурата, некаде помалку се обрнува внимание, но во секој случај со изборот на личностите партијата треба да “се носи” во мандатот. 

Занимавањето со опозицијата често пати се оквалификува како непотребна, штетна и провладина позиција која има за цел да се наруши единството .Се разбира дека тоа е така , во случај ако тоа навистина постои. Постои ли сега единство во редовите на СДСМ ? Некој кој сака упорно да одбегнува и да се соочува со нешто кое не е тешко да се забележи ќе рече дека никогаш и никаде не постои такво единство.В ред, но овде станува евидентно кога “освежувањето” кое настана, а кое и се најавува ги става во аут скоро сите пратеници, вклучително и оние кои беа вистински “чувари на огнот” и важни, докажани, па и најприврзани кон Црвенковски, кои не сакаа да откажат послушност и прифатија да бидат дури и кандидати за градоначалници (и против своја волја , верувам).Мислам дека примерот со кандидатот Макрадули за градоначалник за град Скопје е доволен. Впечаток е дека инцидентот од 24 декември го “држи” единството на СДСМ и ќе ги спаси пратениците да го дотуркаат мандатот достоинствено, без да бидат изолирани во целост.

Му се случи ли “Џилас” на СДСМ ? Дали им се случува “второ влечење’ овојпат од сопствената партија ? Се разбира дека партијата си има свој пат, потреби од кадровски обновувања, но се чини како да се прават обиди за радикален дисконтинуитет.Некои тоа го разбираат како важна потреба за “свежа крв” во партијата, а други како удар врз политиката која ја водеше претходното раководство и претседател на партијата Црвенковски.Особено, за отпорот како потреба во партиското и целокупното опозициско делување и целисходноста од него.Важни луѓе од СДСМ молчат и се надеваат дека ќе бидат во “зоната на интерес” на Заев и новото раководство. Анализирајки ги сегашните состојби правото да се претпоставува е важно право.(би било најдобро кога и би грешел).Дали ќе се оценува тоа право за “растурање на опозицијата” и би се отфрлиле таквите намери, или пак ќе биде причина да се “кочи” ќе покаже времето и се разбира волјата да се донесат состојбите до “подносливост”.

Треба да се укаже дека неодминлив е впечатокот дека најновата партиско-пратеничка состојба во СДСМ покажува како да им е и побарана оставка на пратениците кои се затекнати од Црвенковски. Во најголем број за нив.Не зборувам за формалното барање, туку за фактичкиот статус на добар дел од пратениците.Тоа му доаѓа исто. Некои може да го одмолчат понижувањето кое им е приредено, други можеби ќе бараат одговори во рамките на партијата, трети ќе негираат дека нечто воопчто се случува и дека единството е “на ниво”. Во секој случај понекогаш треба и на ваков начин да се прават обиди да се зачува огнот во СДСМ . Ако не е згаснат, се разбира.

Leave a Reply

Your email address will not be published.