Земјите во кои живеат 1% најбогати луѓе во светот

Извештајот на хуманитарната организација Oxfam, објавен паралелно со одржувањето на Светскиот економски форум во Давос, дава одговор на тоа каде живеат најбогатите 1% луѓе на Земјата.
Според истражувањето на банката Credit Suisse, минатата година глобалното богатство пораснало за 263 трилиони долари.
Бил Гејтс, Ворен Буфет и Марк Зукенберг се некои од очигледните имиња од листата на најбогати луѓе на светот. Но каде се преостанатите 47 милиони луѓе?
Најголем дел од нив се во Америка. Според истражувањето кое го спровело Oxfam, најголем дел живеат во САД. Во тааа држава има 18 милиони луѓе кои се побогати од преостанатите 99% од светското население. По неа следува Франција со 3,5 милиони богаташи. Во велиа Британија има 2,9 а во германија 2,8 милиони.
Германија има најјака економија во Европа, но причината што има помал број богаташи лежи во тоа што голем дел од нив немаат свои недвижности.
Во Јапонија живеат 4 милиони богати луѓе а во Кина 1,6 милиони.
Државата со најголем процент богаташи во однос на бројот на населението е Швајцарија. Еден од шест Швајцарци имаат во сопственост повеќе од 798.000 долари што се смета за праг на влезот во 1% најбогати луѓена светот.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.