Земја на скајпови

Се забавуваме кога сме заедно, моите пријатели и јас. Не пиеме многу, само двајца од друштвото пушат на тераса, не зборуваме за симптоми, не разговараме за политика. Некогаш зборувавме. Човек не би поверувал како обичното човеково битие, само затоа што темата е премиерот или хрватските банки, може да се претвори во крвопиец кој едвај чека на премиерот или банката да им зарие нож во артеријата. Артеријата? Можеби жилата чие отворање не предизвикува моментална смрт не се нарекува артерија? Затоа не зборуваме за политика.

Зборуваме за сексот и тоа многу не развеселува. Сите мажи на нашата маса се големи ебачи кои би можеле пак и сега да не живеат со жените кои се покрај нив и сега а ќе бидат и повторно. Ние жените се смешкаме бидејќи сликата на дебели мажи како стенкаат над витките тела на девојчињата не вознемирува. Кои девојчиња би легнале под нашите дебели мажи? Кога ќе ни се случи баш во сабота мама да ни јави дека стигнала пензијата, нејзината, знаеме да сме надвор од себе од среќа. Секој од нас од своите родители месечно добива барем петстотини куни. Не е малку но човек се радува. Ги жалиме пријателите на кои родителите им се мртви.

Скоками ние така од тема на тема секоја сабота во дневната соба. Климатските промени, трошоците за греење, зошто стоматолошките услуги во Србија се два пати поефтини отколку кај нас, како да се здружиме па чопоративно да тргнеме за Белград по пластична или порцеланска насмевка, оној механичар не дава фискална сметка ама е најдобар … Главната тема ја заобиколуваме. Ја прешкртавме. Сите дома имаме “Прирачник за воените ветерани и членовите на нивните семејства” иако никој од нас не бил во војна. 

Нема врска. Ние научивме како да се справиме со ПТСП. ПТСП живее во секоја куќа затоа нашата екипа ги чува препораките од Прирачникот. Се храниме здраво, појадок, ручек, вечера и два оброка помеѓу секој од нив. Активни сме физички. Трчаме, пешачиме, возиме велосипеди. Се обидуваме да заспиеме секоја вечер. Секогаш легнуваме во исто време и стануваме во исто време. Еднаш дневно, кратко, треисетина минути, размислуваме за траумата. Ги користиме, ова е многу важно, “болката и патењето како мотивација да ги направиме неопходните промени во животот.”

Да, во Прирачникот уште пишува дека мораме “да ги подржуваме своите деца и трпеливо да разговараме со нив. Не смееме да се лутиме на нив. Мораме да го контролираме својот бес.” Ете, а ние сите баш на тоа паѓаме. Не ги подржуваме своите деца, не можеме со нив трпеливо да разговараме, не го контролираме својот бес. Затоа што нашите деца заминаа од нас. Тие се во Канада, Германија, Норвешка, Австралија, Нов Зеланд. Ги гледаме на скајп, и нив и своите внуци, и тогаш, наместо да се сетиме на Прирачникот, пукаме, губиме контрола, добиваме напади на бес и плачеме. Зачудените внуци на дански не прашуваат што ни е.
Моите пријатели и јас, кога подобро ќе размислам, сме екипа под контрола. Да не е проклетиот скајп …

 

 

 

 Извор: rudan.info

Превод: Попова

Leave a Reply

Your email address will not be published.