Жедта ја убива концентрацијата

Водата го избиструва умот. Научниците од Универзитетот “East London” веруваат дека, откако ќе се угаси жедта, мозокот поспремно се фокусира на решавање на задачите.

Експериментот бил спроведен на 34 лица кои работеле на неколку ментални тестови два пати – еднаш после појадокот кој се состоел од житарици и еднаш по оброк кој се состоел од истите житарици со вода. Никој не јадел ни пиел во текот на ноќта, па пред самиот почеток на истражувањето испитаниците биле анкетирани за тоа колку се жедни.

Оние кои не чувствувале жед ги решиле тестовите многу брзо, додека оние кои биле жедни ги решиле за 14% побрзо дури откако се напиле чаша вода. Истражувачите тврдат дека водата помага да се релаксираат деловите од мозокот кои напорно работеле на тоа да праќаат пораки на телото дека е жедно.

“Кога се наоѓате во тек на некоја важна работа, чаша вода никако нема да ви штети, само може да ви помогне. Исто така и кафето или чајот може да ви се најдат во ситуации кога почнувате да губите концентрација” рекла една од истражувачите Каролина Едмондс.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.