Moже да испринтате минијатурна копија на себе си

Можеби звучи малку лудо, но резултатите го говорат токму спротивното. Фигурите со димензија од 15-35cm може да се купат по цена од 300-1.700 евра, а толку верно ги прикажуваат своите модели што тоа е во одредена мера и вознемирувачко.

На овие статуетки е овековечено буквално сè, од изразот на лицето, преку фризурата, па сè до слоевите и наборите на облеката, при што боите се многу живи и природни.

Машината која се користи за оваа цел го скенира клиентот, значи не станува збор за снимање со видео камера. Овој систем го фотографира субјектот во делови од секунда, слично како кај фотоапаратите кои даваат фотографија од 360 степени.

Постојат извесни ограничувања, па така, не се препорачува носење на ткаенини како што се свила и тул, бидејќи тие му попречуваат на софтверот за скенирање. Исто така, не е овозможено носење на наочари но ако сакате, ќе ви бидат креирани по дигитален пат. Сето останато е дозволено.
Кога процесот на скенирање е завршен, оваа дигитална фотографија се претвора во физички објект со помош на 3D печатач. На крајот, преостанува уште рачно „дотерување“ за вашата фигура да добие финален сјај.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.