Скопјани главни актери за Тиквешкиот гроздобер, здружението на моторџии од Кавадарци со протест

И од таа причина големо е интересирањето од јавноста да што повеќе здружениа на граѓани и организации имаат желба да продефилираат на карневалскиот пиедестал.

Не дека е некој новитет, меѓутоа нашиот менталитет е таков да постојано го деградираме она што е наше, домашно, локално, а да го величиме до небеса она “туѓото”. Невиден скандал ни претстои по повод Тиквешкиот Гроздобер за оваа година.

Здружението на граѓани (моторџии)”Тиквеш Рајдерс” од Кавадарци жестоко протестираат и упатуваат критики кон градоначалникот а и советот на општина кавадарци за нивната деградација и забраната да учествуваат активно во било кој дел од овогодинешниот Тиквешки Гроздобер.

Од здружението реагираат дека имале изготвено свој план и идеја како би биле вклучени во програмата на гроздоберот, а притоа да не бидат на терет на буџетот на оштината. Иако не успеале навреме да достават свој проект-план за добивање на симболични финансиски средства од буџетот за реализација на својата идеја, велат дека и без тоа преку самофинансирање можат да го реализираат замисленото кое би било од огромна корист за целокупната кавадаречка јавност.

 

Исто така запрепастувачки и срамно е тоа што здружението “Тиквеш Рајдерс” во неколку наврати се обидело да седне и да разговара со градоначалникот Александар Панов и да им ја објасни причината зошто како здружение на граѓани (НВО) се тотално маргинализирани од локалната власт, како и ред други здруженија и организации. 

Голем е револтот и разочарувањето како што велат што на тиквешкиот гроздобер ќе продефилира моторџиско друштво од Скопје, додека на кавадаречктите здруженија на граѓани им е забрането учеството. Скопските моторџии познати како “Ноќни Волци” немаат апсолутно никаков допир кога се во прашање локалните манифестации и настани. Единствена врска со градоначалникот Панов по се изгледа е меѓусебниот профит за кого јавноста сеуште не е детално запознаена. Да ја информираме јавноста дека за секој настап ова нелокално здружение е богато наградено. Таков последен пример беше рок концертот на месноста 12 ваташки другари каде покрај тоа што добија хонорар за реализацијата на концертот, им беше доделен и приватен шанк само на нив како би профитирале од продажбата на пијалоците. Општината и буџетот немаа апсолутно никаков бенефит од тој настан. Напротив.

Од здружението најавуваат невиден спектакл за очите на кавадаречката јавност, каде што би продефилирале голем број на моторциклисти претежно од Кавадарци и околината, како и од останати градови од Македонија, а не е исклучена и можноста за учество на гости од соседните земји.Велат дека достојно ќе го претстават Кавадарци во очите на македонската јавност и дека ќе бидат едни од најактивните амбасадори кога е во прашање промоцијата на Тиквешкиот Гроздобер. Исто така најавуваат дружба преку журки и забави за граѓаните на општина Кавадарци.

“Тиквеш Рајдерс” е здружение на граѓани од Кавадарци во кое активно членуваат преку 50 лица само од Кавадарци. Како здружение имаат организирано неколку акции за млади категории во општината. Исто така се безрезервно активни кога се во прашање крводарителските акции во соработка со навивачката група на “Лозари”.

Гроздоберот се ближи, времето одминува. Од “Тиквеш Рајдерс” најавуваат дека по секоја цена ќе се обидат својот проект-план да му го достават на градоначалникот и советот, за да им биде овозможено правото на учество во програмата на престојниот гроздобер. Велат дека она што го бараат од општината е навистина скромно и без никаков проблем може да се уфрли во програмата на престојниот Тиквешки Гроздобер. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.