Заврши третото издание на рок фестивалот Т’k Tак

Во саботата на градскиот базен во Кавадарци се одржа третото издание на рок фестивалот “Т’к Так” во чест на прерано починатата рок легенда Трајко Каров. За задоволство на публиката беа задолжени неколку демо бендови кои имаа свој настап. 

Бендот “Нокаут” кој важи за еден од најдобрите бендови на сите времиња, новинарскиот рок состав “Рипортерс”, минатогодишните победници бендот “Ептен “, младите рок надежи “Ѓоа Бенд” како и Диџеј Фрик и Диџеј Лако беа дел од ревијалната програмата на третиот по ред “Т ‘ к Так” фестивал.

Премиерно во Кавадарци со 45 минутно стенд ап шоу настапи и Сашко Коцев кој се смета за еден од најдобрите актери во Македонија во последните неколку години. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.