Заврши 50-тиот јубилеј Тиквешки гроздобер – фестивал, карневал или маскарада?
Да се слави Богот на виното, да се пропагира виното и грозјето, значи да се предизвика економски развој кој нема да биде само за тие три дена во градот, туку значи дека ќе се преговара долгорочно – за развој на целата Тиквешија како главна стопанска гранка – лозјето и виното. Ова се некои прашања кои вреди да се проговори бидејќи имаше прилично голем број на импровизации и недоследности. Интерпретациите се различни, барем за онаа јаваност која држи критичка линија во град Кавадарци. Критика која, се разбира, е добредојдена како би можеле работите да се подобруваат.
Самата програма се одвиваше во следниот редослед. Официјално гроздоберот започна во петокот, со почеток во 12 часот со отварање на изложбата „Кавадарци низ стари историски фотографии“ – 70 години од ослободувањето на град Кавадарци. Изложбата беше поставен во Музеј-галеријата на град Кавадарци, а од 13 часот беше презентирана дегустација на вина на градскиот плоштад: вино и ракија од Винарските визби кои беа присутни со свои штандови. Вечерта, во 20 часот беше одржана „боемска вечер“ во чест на Никола Бадев. Понатаму, се одржаа концерти на Влатко Стефановски, Андријана Јаневска и бендот Скандал Састав.
Сабота на програмата беше аукција на стари „одл-тајмери“ која беше поставена на улица „Илинденска“; Таблаијада беше одржана од 11 часот, а веднаш потоа беше одржан турнир во стрелаштво. Во 18.30 часот, во кабинетот на градоначалникот на Кавадарци Александар Панов имаше прием на делегации и официјални госто. Од 20 часот започна концерт и целовечерна свирка. Настап имаше и познатата балканска sвезда Жељко Јоксимовиќ. После концертот се одржа традиционална „Тиквешка серенада“.
Недела, последниот ден од Тиквешкиот гроздобер започна во 10 часот, на програмата беа улични забавувачи, како и меѓународна изложба на кучиња која се одржа на фудбалското игралиште при спортскиот ценатар „Јасмин“. Потоа следуваше меморијалниот турнир „Сестри Китеви“, за потоа на програмата биде детска карневалска програма. Во 12 часот беше закажано официјална свечена седница на Советот на општината на град Кавадарци. Од 19 часот ќе се одржува прогласување на најдобрите вина од страна на академијата Тиквешки гроздобер, а потоа свои настапи имаа Smoke Shakers, Тајзи, Слаткар и Дадо Топиќ.
Created with flickr slideshow.