Затвор? Не, студентски дом во Македонија

Презаситени од живеењето во беда, студентите во Македонија споделија шокантни слики од нивните запуштени домови на интернет. Од ѕидови покриени со мувла до оброци кои се состојат од речиси живи компири, овие домови изгледаат повеќе како затвори отколку места каде што најдобрите студенти од земјата живеат.

Фотографиите се направени од студенти кои живеат во домот Гоце Делчев, во главниот град Скопје. Овие студенти, кои сакаат да останат анонимни поради стравот од реперкусии, неодамна создадоја група наречена „Операција студентски дом„. Тие објавија фотографии и вести на нивниот блог и Фејсбук страница.

(внатрешност во соба од студентски дом)

„ Има печурки кои растат на нашите ѕидови„

Драган (не е неговото вистинско име) е универзитетски студент кој живее во домот Гоце Делчев.

Во Скопје, домовите се обично прилично трошни, но домот Гоце Делчев е најлош. Тоа е дом на околу 1200 студенти, воглавно од државниот универзитет Св. Кирил и Методиј, но исто така некои и од приватните универзитети. Домовите се изградени во доцните 60-ти и раните 70-ти години и се чини дека никогаш не биле санирани или надградени оттогаш.

Ние почувствувавме дека треба да проговориме гласно откога избувнаа неколку пожари минатата година поради дефект во електричните греалки. За среќа, никој не беше повреден, но тоа беше последната капка која ја прели чашата. Ние живееме во грозни услови секојдневно.

(влага во ѕидовите во домот)

Првото нешто што ќе го забележите кога ќе се вселите во домовите е дека многу од мебелот е или искршен или исчезнат, па многу студенти инвестираат во нов мебел. Само еден од двата постоечки лифтови во секоја зграда е во функција, но дури и тој е расипан поголемиот дел од времето – а тоа се згради од 14 ката. Поминувањето по ходниците додека врне е вистински предизвик, поради барите на подот направени од протекувањата. Насекаде има влага, што доведува до растење печурки по ѕидовите. Ѕидовите се толку бедни што кога ја чистиш својата соба, повторно се прашинливи за само неколку часа. Греењето работи само од 17 часот до 20 или 21 часот, исклучено е во преостанатиот дел од денот.

Топлата вода е луксуз. Во текот на најладните месеци оваа зима, во декември и јануари, ние немавме никаква топла вода речиси две недели. Замислете да се грижите за основната хигиена со ладна вода кога температурата е под нулата надвор, и морате да делите еден туш и тоалет со 16 или 32 други студенти, во зависност од тоа на кој кат живеете.

(некои ѕидови се во очајна потреба од реконструкција)

 

„Студентите плаќаат за храна, но никогаш нема доволно за сите во кафетеријата„

 

И потоа, тука е и кафетерјата. Студентите овде сакаат да ги опишат понудите како „компири на 1001 начин„. Има компири со речиси секој оброк, и студентите често наоѓаат инсекти или парчиња малтер во оброците. Покрај овој недостаток на квалитет, постои и недостаток на квантитет. Има само доволно храна за една третина од студентите, принудувајќи ги другите да одат на друго место да купуваат храна, иако цената што ја плаќаат за нивната соба во домот би требало да ги покрие оброците.

(Студентите се жалат дека сервираните компири во кафетеријата се често живи)

Собата чини 56 евра месечно. Многу студенти доаѓаат од други градови па тие не можат да живеат со своите родители. И надвор од кампусот соба би чинело околу 100 евра, што повеќето студенти (или нивните родители) не можат да си ја дозволат. Невработеноста е на многу висока стапка во Македонија (речиси 30 проценти од населението), и многу е тешко да се најдат работни места со скратено работно време. Така студентите се обидуваат да ги преживеат нивните четири години во овие ужасни услови и да учат најдобро што можат под овие услови и околности.

(распаднат тоалет)

Ние организираме редовни состаноци со студентите кои сакаат да се борат против овие проблеми. Ние ги одржуваме состаноците надвор од домовите, откога почнавме да ги објавуваме овие фотографии, администраторите не`  посетуваат почесто, обидувајќи се да откријат кој стои позади оваа кампања.

Домовите се водени од институцијата наречена Државен Студентски Центар, која е надгледувана од Министерството за Образование. Франција 24 го контактираше директорот на Државниот Студентски Центар за коментар и ние ќе ја објавиме нејзината реакција кога ќе ја примиме.

(влага на таванот во соба од домот)

(протечувања во заедничката соба кадешто подот е уништен)

(студентите ставаат тави да се заштитат од протекувањето)

(редовите во кафетеријата се долги, и студентите велат дека нема доволно храна за сите)

(празни сталажи во кафетеријата)

(студентите велат дека наоѓаат бубачки во храната од кафетеријата)

(повеќе протекувања по ходниците)

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.