Еве зошто на русите им паѓаат ракетите: Проневерени 1,8 милијарди долари

Стотици милијарди рубли исчезнале во сомнителни трансакции, проектните конструкции стануваат се послаби, а важните лансирање пропаѓаат, вака CNN Money ја опишува моменталната ситуација во руската вселенска програма, некогашната гордост на нацијата.

Тој став не е надувување на приказната од противничкиот табор (САД), туку произлегува од официјалниот ревизорски извештај.

Само во 2014 година, федералната вселенска агенција Роскосмос (Roscosmos) направила сериозни финансиски прекршоци од 92 милијарди рубљи (1,8 милијарди долари), покажува анализата на јавната руска контролна агенција.

Главниот ревизор, Татјана Голикова, во петокот пред парламентот рекла дека била толку шокирана од износот, што најпрво не сакала да им поверува на своите службеници.

Централниот проблем на Роскосмос е изградбата на космодромот Восточни, со цел да не се користи стариот Бајкј, кој беше закажан за 2018 година. Сега тоа е неизвесно поради серијата на предизвикани проблеми со финансирањето, но, исто така и огромната корупција.

Голикова тврди дека трошоците за изградба се надуени за најмалку 20 проценти, а и неколку криминални случаи за корупција се во тек.

Космодромот е од крунска од значење за руска способност при лансирање ракети во вселената, бидејќи во оваа област се уште се зависни од Казахстан.

Покрај сите овие проблеми со проневерата на пари, Русија во последниот месец изгуби две вселенски летала. Товарен броd без екипаж изгоре во атмосферата на Земјата по проблемите со комуникацијата, а носачот на ракети “Протон-М”, кој носеше мексикански сателит се урна во Сибир.

Рускиот заменик премиер Димитриј Рогозин за сите проблеми ја обвинува корупцијата.

“Со толку висок степен на морални понижувања, не би бил изненаден дури и од повисока стапка на несреќи”, изјавил Рогозин.

 Руската вселенска програма претрпи големо намалувања на финансиските фондови поради економската криза. Буџетот на Сојузната вселенска агенција за следната деценија во март е намален за 35 проценти, т.е. 37 милијарди долара.

Leave a Reply

Your email address will not be published.