Анархијата е можна (5): Зарем не се луѓето природно патријархални?

Некои дури креирале уважени духовни улоги за оние кои не се вклопувале ниту во едниот примарен род. Голем дел од предисториската уметност прикажува луѓе без одреден род или пак луѓе со неодредена, нагласена комбинација од машки и женски обележја. Во таквите општества родот бил флуиден. Наметнувањето на две фиксни, идеализирани родови кои се сметаат за природни било историски пресврт. Строго физиолошки гледано, многу целосно здрави луѓе се раѓаат двополни, со машки и женски физиолошки карактеристики, што покажува дека тие категории се дел од флуидниот континуум. Нема смисла луѓето кои не се вклопуваат ниту во една категорија да се присилуваат да се чувствуваат неприродно.

Дури и во нашето патријархално општество, во кое сите мораат да веруваат дека патријархалноста е природна, одсекогаш постои отпор. Добар дел на постојниот отпор се одвива хоризонатално. Организацијата FIERCE! Во Њу Јорк собира широк спектар луѓе исклучени и потиснати поради патријархатот: трансродните личности, хомосексуалците, бисексуалците, two – spirit (битна категорија во многу индијански заедници за луѓето кои се идентификуваат стого како мажи или како жени) и неодлучните (лушето кои не се одлучиле по прашањето на сопствената сексуалност и родова припадност или кои не се наоѓаат ниту во една од категориите). FIERCE! Во 2000 година била основана од претежно млади припадници на малцинствата, со помош на анархистите. Се држат до хоризинаталната “се организираме сами, за себе” етика и освестено го поврзуваат отпорот со патрихархатот, трансфобијата и хомофобијата со отпорот врз капитазлимот и расизмот. Нивните активности опфаќаат сведочења против полицикста бруталност над маргиналните заедници, едукација низ документарни филмови, организирање за соодветна здравствена заштита и против гентрификацијата (процес во кој старите ефтини згради или цели делови од градот, најчесто од работничките населби, се претвораат во скапи згради за добро ситуираните припадници на средната класа), особено таму каде сиромаштијата се заканува за уништување на битните културни и општествени простори на маргиналните заедници.

Во времето на пишување на оваа книга тие биле особено активни во кампањата за запирање на гентрификацијата на шеталиштето Кристофер, едно од ретките сигурни места за бездомниците и сиромашните, каде можеле да се сретнуваат и да ја градат својата заедница. Градот од 2001 година се обидува да го обнови шеталиштето, а полициското малтретирање и апсењата се зголемувале. Кампањата на FIERCE! Помогнала да се соберат оние кои сакаат да го зачуваат просторот и овозможила да се слушнат и други гласови, а не само гласовите на власта и сопствениците на компаниите. Ставовите на нашето општество за родот и сексуалноста радикално се промениле во изминатите векови благодарение на ваквите собири кои со директна акција го создаваат она што наводно е невозможно. 

Отпорот кон патријархатот досегнува онолку колку што сакаме да одиме во минатото. Во “добрите стари времиња”, кога родовите улоги наводно не се преиспитувале и кога се прифаќани како природни, можеме да најдеме утопијски приказни кои ја побивале претпоставката дека патријархатот е природен и ставот дека цивилизацискиот прогрес со сигурност не води од нашите сурови почетоци кон просветленост. Идеата за целосна слобода всушност отсекогаш била дел од човековата историја. 

Во 17 – тиот век европјаните заминувале во Северна Америка од цела низа причини, градејќи нови колонии кои опфаќале широк спектар на карактеристики: од плантажи втемелени на робовска работа, пазари кои настојувале да ги присилат заробениците да обезбедат големи количини на животински кожи, до фундаменталистички религиски утопии втемелени на целосно истребување на непријателската популација. Но како што на плантажите имало робовски востаници, и во религиските колонии имало еретици. Една од нив била и Ане Хучинсон. Анабатистка која дошла од Нова Англија за да го избгне прогонството во стариот свет, почнала во својата куќа да одржува женски кружоци посветени на слободната интерпретација на Библијата. Со оглед дека популарноста на кружокот растела, почнале да учествуваат и мажи. Ане разбудила подршка на мнозинството поради своите добро аргументирани иодеи – противењето на ропството на Африканците и Индијанците, критика на црквата и инсистирање на тоа дека да се биде жена е благослов, а не проклетство. 

Религиските лидери во масачусетс Беј колонијата и суделе поради сето ова, но таа останала на своите ставови. Била напаѓана и повикувана како инструмент на ѓаволот, а еден свештеник и рекол: “Ја премина границата; повеќе би сакала да бидеш маж отколку жена, проповедник отколку слушателка, учител отколку ученичка”. По прогонството Ане во 1637 година оформила група за основање на населбата Покасет. Намерно се сместиле во близина на местото каде прогресивниот теолог Роџер Вилијамс ја основал плантажата Провиденс, втемелена на идеата на потполна еднаквост и слобода за сите жители, како и пријателски односи со домородното население. Овие населби денес се местата Портсмоут и Провиденс во Роуд Ајленд. И двете населби наводно одржувале пријателски односи со соседните домородни народи Н арагансетите. Населбата на Роџер Вилијамс земјата на која се градело ја добиле на поклон, а групата на Ане ја платила земјата. 

Покасет во почетокот имал избрано собрание и луѓето одбивале да имаат лидер. Населбата признавала еднаквост на половите и судење со порота, одбивалоо смртна казна, судење во бесилка, затвор поради долг и ропство, а дозволувало и целосна верска слобода. Втората синагога во Севрна Америка е изградена во колонијата Роуд Ајленд во 1651 година. Еден член од групата на Ане ја присвоил моќта и ја убедил англиската влада да му додели место на гувернер на колонијата, но по две години населението го исфрлило со мини – револуција. Ане Хутчинсон по инцидентот сфатила дека нејзините религиски убедувања се противат на ‘владеењето’, односно авотритетот на владата, па в касните години развила политичко – религиска филозофија слична на индивидуалистичкиот анархизам. Би можело да се каже дека Хутчинсон и нејзините колеги биле пред времето, но во секој историски период имало приказна за луѓе кои создавале утопија, жени кои барале еднаквост, лаици кои го негираат монополот над вистината на религиските лидери. 

Надвор од западната цивилизација можеме да најдеме многу примери на непатријархални општества. Некои недржавни општества намерно ја одржуваат родовата флуидност, на пример претходно споменатите Мбути. Многу општества ги прифаќаат родовите поделби, но настојуваат да ја одржат еднаквоста на родовите. Некои од тие општеств а дозволуваат трансродност – менување на родот или усвојување на единствен родов идентитет. Во ловечко – собирачките групи (општества) “строгата поделба на работата меѓу половите не е универзална … (и во случај на едно конкретно општество) практично секоја активност која е битна за преживување можат да ја спроведуваат, а често тоа го прават, и мажите и жените.”

Народот Игбо во западна Африка има одвоени задолженија за мажите и жените. Жените биле задолжени за одредени земјоделски активности, а мажите за други, и секоја група имала автономија над своето подрачје. Тие подрачја одредувале кој произведува какви добра, кои животни се препитомуваат и кои одговорности ги превзема во градината и на пазарот. Ако мажот се меша во женското подрачје, или ја злоставувал својата жена, жените би одржале ритуал на колективна солидарност наречен “седење на мажот” со кој се одржувала рамнотежа и се казнувале престапниците. Жените би се собрале пред куќата на мажот, викајќи на него и навредувајќи го за да би се осрамотил. Ако не излезе да се извини, би му ја уништиле оградата или надворешните делови на куќата. Ако грешката која ја направил била доволно тешка, можеби би му упаднале во куќата, би го изнеле надвор и би го претепале. Кога британците го колонизирале народот Игбо, ја препознале машката институција и улогите во земјоделието, но ги игнорирале или биле слепи за женските подрачја од општествениот живот. Кога жените од народот Игбо на британската непричиност одговориле со традиционалното “седење на мажот”, британците, веројатно мислејќи дека се работи за женско востание, пукале на нив и со тоа го укинале ритуалот на родова рамнотежа, зацврстувајќи ја институцијата патријархат во општествата кои ги колонизирале.

Ирокезите се матрилинеарно егалитарно општество од источниот дел на Северна Америка. Традиционално користат неколку начини за урамнотежување на родовите односи. Додека европската цивилизација родовите поделби ги користи како би ги социјализирала во крути улоги и би ги потиснувала жените, трансродните луѓе, родовата поделба на работата и општествените улоги кај Ирокезите има функција за одржување на рамнотежа, деделувајќи на секоја група автономни положби и моќ, дозволувајќи поголема можност за промена на родот отколкукај западните општества. Ирокезите стотина години се координирале помеѓу многу народи користејќи федеративна структура и на секое ниво на организација постоеле женски и машки собранија. За она што може да се нарече национален интерес кога станувало збор за прашања како што се војна и мир, машкото собрание донесувало одлуки, но жените имале право на вето. Жените на локално ниво биле повлијателни. Основна општествено – економска единица, “долга куќа”, се сметала за женска и мажите во тој дел немале свое собрание. Кога маж ќе се ожени со жена, се селел во нејзината куќа. Жените можеле да го исфрал од “долгата куќа” било кој маж кој не се однесувал пристојно. 

Западните општества на ‘повисоките’ нивоа на организација обично гледаат како на побитни и помоќни, што е видливо и од нашиот јазик, но Ирокезите биле егалитарни и децентрализирани, па ‘пониските’ и локалните нивоа на организација, каде жените имале појако влијание, биле побитни за секојдневието. Всушност, кога меѓу различни народи немало несогласувања, највисокото собрание долго време не би се ни состанувало. Сепак, нивното општество не било матријархално: мажите не биле искористувани и потценувани како што се жените во патрихарјалните општества. Секоја група имала автономија и начини на одржување на рамнотежа. И покрај вековните колонизации од страна на патријархални култури, голем број групи на ирокези ги одржувале своите традиционални родови односи па и понатаму се истакнуваат со остриот контраст наспроти родово – потчинувачката култура на САД и Канада.
 

 

Извор: fenomeni.me
Превод: Попова 

Leave a Reply

Your email address will not be published.