Во Кавадарци започна вакцинацијата против сезонски грип

Центарот за јавно здравје Кавадарци беше преполн со граѓани на првиот ден а за само неколку часа од почетокот биле вакцинирани 120 лица, информира д – р Ристе Јовановски, епидемиолог.

Хронично болните и лицата над 60 години во најголем број примаат вакцини. Набавени се околу 720 вакцини против сезонски грип а од Центарот за јавно здравје очекуваат дека сите ќе бидат потрошени. 

Препорачливо е со вакцина да се заштитат ризичните групи на граѓани и пациентите со хронични заболувања кои се во допир со поширока популација. Вакцинацијата ќе се врши секој работен ден од 9 – 14 часот а цената на вакцината изнесува 400 денари.

Во претходните сезони во првите десет дена се вакцинирале по 500 лица. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.