Започна трката за Оскарите

Номнација за Оскар за најдобра машка улога во филмот “Снајперист” (American Sniper) е трета по ред номинација за Бередли Купер.
Минатата година овој симпатичен американски актер беше номиниран за улогата во трилерот “Американска измама” а една година претходно за улогата во комедијата “И во добро и во зло”.

Прв пат од кога во 2009 година Американската филмска академија го прошири бројот на номинирани филмови од пет на десет, ќе се натпреваруваат вкупно осум остварувања за главната награда. Кога ова правило било воведено, в о 2009 година во трка била 10 филмови, исто како и 2010 и 2011, додека последните три години номинирани се девет.

Во актерските категории оваа година скоро половина од номинираните се за прв пат во борба за Оскар. Тоа се некои постари актери како Стив Карел (Foxcatcher), Мајкл Китон (Birdman), Џеј Кеј Симсон (Whipplash), Патриша Аркет (Boyhood) но и некои понови имиња како што се Бенедит Камбербач (The Imitation Game), Ема Стоун (Birdman), Розамунд Пајк (Gone Girl), Еди Редмејн и Фелисити ЏОнс (The Theory of Everything).

Полскот филм “Ида” е 11-то црно – бело остварување кое е номинирано за Оскар од 1967 година кога посебната црно – бела категорија е укината.

(Тhe Theory of Everything)

Веста за номинациите некои од актерите ги затекнала во кревет, како звездата на филмот “The Theory of Everything“. Актерот кој во ова остварување го игра славниот астрофизичар Стивен Хоакинг изхјавил дека удрил во врата кога неговиот менаџер го разбудил да му ја соопшти веста.

Бенедикт Камбербач (The Imitiation Game) најпрво ги повикал своите родители, кои се актери исто така, да им се пофали, додавајќи дека тоа било најгордиот момент во нивните животи.

Некои, како Ема Стоун (Birdman), од преголема возбуда опсуле, додека нејзиниот партнер во филмот Мајкл Китон изјавил дека бил “восхитен” кога слушнал за номинацијата, иако претходно сите го уверувале дека тоа секако ќе се случи.

Оваа година својот прв Оскар конечно би моела да го добие и Џулиен Мур, една од најталентираните актерки на својата генерација. Таа е брилијантна во филмот Still Alice, во кој го толкува ликот на жена која има љубов, деца и кариера, но постепено губи се што изградила поради Алцхајмерова болест.

Џулиен Мур минатата недела доби и Златен Глобус за таа улога, откако во 2013 година го добила истото признание за телевизискиот филм “Game Change” и уште еден во 1994 година за улогата во филмот “Short Cuts“.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.