Започна бербата на трпезното грозје во Кавадарци

Откупот главно го вршат прекупци од други градови од Македонија и како што велат е грозјето е наменето главно за пазарите низ земјата. Во зависност од квалитетот на грозјето, се нуди и соодветна цена. Минималната е некаде околу 28 денари по килограм кардинал, меѓутоа за добро созреано грозје се плаќа и по 40 денари.

Двете најголеми компании за откуп на асталтско грозје од Кавадарци засега мируваат со откупот бидејќи грозјето сеуште не ја достигнало идеалната зрелост за берба а понатаму и пласман. Се очекува да започнат со масовен откуп некаде за десетина дена, а претходно и ќе ги објават нивните цени на поедини сорти на грозје кое ќе го откупуваат. Се очекува цените да бидат приближно исти како и минатата година.

Сега засега тиквешкото трпезно грозје оди главно на пазарите од поголемите градови во Македонија, но кога ќе започне помасовниот откуп во наредните денови, ќе започне и извозот во земјите од балканот како и источните земји како што се Украина и Русија. 

Пазарите на земјите членки од Европската Унија сеуште се неосвони за извоз на тиквешкото трпезно грозје.

Leave a Reply

Your email address will not be published.