Закон за медиуми: новинари или пропагандисти?
Потребен е или не нов закон за медиуми, или оваа сфера треба да се остави на саморегулирање? Дел од претставниците на медиумските асоцијации на денешната јавна расправа околу предложениот закон за медиуми сметаат дека нема потреба од него, бидејќи оваа област е уредена со други закони и со Уставот. Други пак, го бранат ставот на Владата дека законот ќе се стави ред во оваа сфера која е нерегулирана и оти на овој начин само се штитат новинарите од сопствениците и уредниците. Најмногу време се потроши околу дефинирањето на тоа што е новинар, па можеа да се слушнат и предлози, како оној на Мирка Велиновска да се издаваат лиценци за да се знае кој е новинар, а кој пропагандист и лобист.
Повеќе сторија, тука.