Закана или апел од општина Кавадарци до граѓаните да го платат данокот на имот, оти во спротивно…

Во соопштението се вели  “Со парите кои се собираат од данокот на имот се трошат за одржување на улиците, за подобро осветлување, за почиста околина односно инфраструктура”. Овој дел од соопштението дали треба да се разбере како пародија или пак оние кои го пишувале имаат екстремно голема смисла за хумор.Доколку се сериозни со горенапишаното, само мало потсетување и изнесување на неколку факти како што се дека на секоја втора улица во општина Кавадарци граѓаните може слободно да играат шах (дупките се црните полиња), кај голем дел од улиците уличното осветлување или не работи или воопшто не постои, акога сме кај чистотата и хигиената, може да започнат со чистење пред се на својата свест, чест и одговорност пред граѓаните на општина Кавадарци.

Понатаму во соопштението се вели дека “Парите од данокот на имот исто така се користат и за грижа за пензионерите, хендикепираните лица, како и лицата на кои им е потребна помош преку социјална заштита”.Па добро бре, со кој образ им се обраќаат на пензионерите кога при последните примања на пензионерите им беа скратени во просек по 200 денари од месечниот надоместок, хендикепираните лица се тотално маргинализирани и без соодветен пристап пред се до училиштата а камоли до друга институција, или пак да зборуваме за еднократната социјална заштита која им се дава на загрозените семејства на ден пред секои избори.

За крај, во текстот стои и дека “Со парите на граѓаните се организираат културни настани и се подобрува библиотеката, игралиштата за деца“. Овде е битно да се потенционира дека сиромашни граѓани не можат да бидат и културно богати. На скоро сите таканаречени културни манифестации кои претежно се во покровителство на само еден човек или институција, 90% од присутните се вработените во администрацијата.И не одат затоа што се многу културно просветлени, ами затоа што мораат.Многу малку граѓани во Кавадарци знаат што значи зборот “култура”. 

На крај од соопштението, општината исто така ги информира граѓаните дека од први декември наредната година ќе започне да доставување опомени до оние физички и правни лица кои не ја подмириле законската обврска кон општината.Тоа во превод значи дека слободно може да се сликаат.

Leave a Reply

Your email address will not be published.