Најмалку десет жртви при уривање на хотел во Индија

Се претпоставува дека уште десетина лица се наоѓаат под урнатините на хотелот „Сити лајт“ во градот Секундерабад во сојузната држава Андхара-Прадеш.
Според полицијата, најголем дел од жртвите се работници и луѓе од персоналот.
Во зградата имало ресторан што бил многу популарен и често посетуван од работници и возачи на рикши.
Причина за несреќата се претпоставува дека е слабата конструкција на 80 години старата зграда која не одговарала на стандардите за безбедност.

Leave a Reply

Your email address will not be published.