ЗАЕВ ОД КАВАДАРЦИ: “Го добивме советот фали уште Китев за градоначалник”

ВМРО-ДПМНЕ имаше 12 години централна и локална власт, но нив им беа поважни пари во сопствените џебови, а заборавија на интересите на граѓаните, изјави Заев од Кавадарци

На централниот митинг кој го оддржа Социјал-демократскиот сојуз на Македонија заедно со коалицијата на градскиот плоштад “Маршал Тито” во Кавадарци, претседателот на оваа партија се обрати на жителите од овој крај. Заев изјави дека граѓаните даваат чест и одговорност и во иднина има да се работи чесно и одговорно. Дали е Митко или некој друг од другата страна, завршено е времето на ДПМНЕ.

Тој додаде дека централната власт ќе спроведе вистинска децентрализација и ќе префрли голем дел од надлежностите на општините.

Нашиот став е до крајот на 2020 година општините да добијат повеќе од 95 милиони евра за рамномерен регионален развој. Општините ќе ги спроведуваат одлуките на граѓаните кои ќе се носат на граѓански собири, додаде претседателот Заев.

ЗАЕВ ОД КАВАДАРЦИ:Го добивме советот фали уште Китев за градоначалник

Чесната работа ќе биде императив и за централната и за локалната власт, вети претседателот на СДСМ.

Ги слушате овие денови последните лаги на Груевски. Тие повеќе не поминуваат, тоа веќе завршува. Велеше дека немало да има субвенции. Јас сум првиот премиер кој гласно зборува дека е роден во село, кој фатил мотика во рака, копал, берел, кој ги знае сите понижувања на земјоделскиот труд. И знам од искуството како менаџер и како бизнисмен, дека ако има пари за земјоделците, ќе ни ја биде и Македонија. Така ќе работиме што сите ваши пари ќе бидат враќани кон вас, рече претседателот на СДСМ, Заев кој најави редовни и повисоки субвенции.

ЗАЕВ ОД КАВАДАРЦИ:Го добивме советот фали уште Китев за градоначалник

Заев ги охрабри сите жители од општина Кавадарци храбро да се спротивстават на Груевски и она што остана од него, воедно ги повика сите жители од општина Кавадарци и околината на 29-ти да дојдат на градскиот плоштад и заедно да ја прослават победата.

ЗАЕВ ОД КАВАДАРЦИ:Го добивме советот фали уште Китев за градоначалник

Радувајте се, охрабрете се, доаѓа убава иднина во вашето Кавадарци и нашата Македонија. На 29 октомври на овој плоштад да славиме победа на животот во Кавадарци како во Македонија, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на митингот во општина Кавадарци.