Зачини за полесно слабеење

Еве пет зачини што го забрзуваат процесот до идеалната фигура:

Цимет
Според студија објавена во магазинот „Diabetes Care“, само една лажичка цимет дневно го намалува нивото на шеќер во крвта. Исто така, може да се намали нивото на холестерол и до 25 отсто. Сепак, немојте да претерувате со циметот, две до три лажички на ден се сосема доволни бидејќи овој зачин содржи кумарин, хемикалија која може да го оштети црниот дроб ако се консумира во големи количини.
Лута мелена пиперка
Главна состојка на лутите пиперки е капсаицинот, кој има докажан термогенски ефект, што значи дека го стимулира централниот нервен систем да ја зголеми телесната температура, со што се зголемува и согорувањето на калориите. Некои студии покажуваат дека капсаицинот го убива гладот.

Црн пипер
Црниот пипер, еден од најчесто користените зачини, има неколку влијанија врз организмот, а едно е поврзано со слабеењето и со губењето на килограмите. Основната состојка на пиперот, пиперин, во текот на неколку часа по консумирањето ги разградува мастите за 8 отсто.
Сенф
Исто како и другите лути зачини, и сенфот има термогенски ефект, што придонесува за согорување на калориите. Истражување спроведено на Универзитетот во Оксфорд потврдило дека со консумирање сенф може да согорите околу 50 калории од оброк од 700 калории.

Ѓумбир
Ѓумбирот е познат како растителен диуретик, односно супстанција што го стимулира организмот да уринира и со тоа се прочистува. Исто така, овој зачин помага во процесот на варење на храната.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.