Заблуди за високиот крвен притисок

Дали сте свесни за сите факти поврзани со високиот крвен притисок? Дали некои од нив најчесто се заблуда?
Нискиот притисок е секогаш подобар

Нискиот крвен притисок не е причина за загриженост.
Факт: нискиот крвен притисок или хипотензијата, може да биде проблем ако предизвика симптоми како што се вртоглавица, несвестица, шок… вртоглавицата и несвестицата ќе доведат до пад. Шокот, после кој доаѓа до тешко пореметување во циркулацијата, ако веднаш не се лечи може да има смртни последици. Меѓутоа, вистина е дека нискиот крвен притисок всушност е нормалне за некои луѓе. 

Ако сте млади – високиот крвен притисок не треба да ве загрижува
Не е важно дали го проверувате крвниот притисок ако не сте поминале 40 години
Факт: некои експерти советуваат проверка на крвниот притисок дури и од возрас 18 години. Во текот на адолесценцијата, староста, развојот на телото, сексуалниот развој имаат улога во одредување на притисокот.

Немам никакви симптоми !
Нервоза, потење и потешкотии со спиењето се некои од симптомите за висок крвен притисок.
Факт: високиот крвен притисок нема симптоми. Всушност, една третина од луѓето веројатно не е ни свесна дека го има.

Двократни проблеми
Ако имам висок холестерол имам и висок крвен притисок.
Факт: голем број лоши животни навики како на пример пасната исхрана или недоволно движење и вежбање, создаваат ризик од висок холестерол и крвен притисок. Меѓутоа, можно е да имате високо ниво на холестерол без висок крвен притисок.

Паузирање
Кога ќе почувствувате дека ви е подобро во ред е да престанете со земање на лекови за висок крвен притисок.
Факт: ако лекарот ви препишал лекови за контрола на високиот крвен притисок, точно следете ги неговите совети. Опасно е на своја рака да ја менувате дозата или да престанете со терапијата.

Тоа е машка болест
Само мажите треба да се грижат за висок крвен притисок.
Факт: и жените може да имаат висок крвен притисок. Некои од ризичните фактои за висок крвен притисок се: земање контрацепциски таблети, бременост, членови од семејството со висок крвен притисок, постменопауза. 

Лекови без рецепт
Сите лекови кои се издаваат без рецепт за олеснување на симптомите на преладување и грип се сигурни за луѓето со висок крвен притисок.
Факт: назалниот деконгестив, кој го има во некои капсули и спрејови за нос, наводно го зголемуваат крвниот притисок и може да влијаат на лековите кои ги пиете. Погрижете се лековите за настинка и грип да не содржат деконгестиви.

Инсулинот е причина за висок крвен притисок?
Земањето инсулин предизвикува стврднување на артериите и висок крвен притисок.
Факт: некогаш лекарите сметале дека инсулинот ги предизвикува овие состојби, но сега лекарите знаат дека тоа не е точно.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.