Заблуди и илузии на колективниот дух
Моментално, кај нас, се се’ сведува на конформистичка, еднолична, ефемерна (краткотрајна) перцепција. Сите заеднички, сложно градат став, дејствуваат и мислат дека се во право со носење на одлуката, а на последиците од тоа не ни помислуваат. Секојдневно се појавуваат незадоволни луѓе на тв, на социјалниве мрежи, во кафулиња, барови, на улица…. Очигледно, премногу време трае таа неподносливост на нештата околу нас. Масите се топат во изградената колективна мисла, а вистинољубивите луѓе се оградуваат од неа.
Животот сам по себе носи повеќе непредвидливи нешта, отколку едноставност. Кога знаете, а всушност не знаете ништо што вистински се случува околу вас?! Кога произнесувате ставови, во кои „и самите не сте сигурни “ дали истите се реални, фиктивни и дали прераснуваат во нешто идеолошко, здраво, издржано за вас што ќе придонесе до надградба на вашата личност, или ќе исчезнат со сенката на вашето битие.
Самата информација ризикува да создаде една моментална криза, при што се појавува потребата за разубедување, a на тоа разубедување му нема крај. Секојдневно, од страна на „колективната маса“ се произнесуваат грст „факти“ заради прикривање на комплексот кој се развива, живее и кој ги води до бескрај, само заради докажување на своите лични (не) вредности.
Постојат луѓе (сигурно со некои од нив сте имале средба или контакт) кои живеат во заблуда, но не по своја вина, туку по вина на (нивното) индивидуалнто ниво на свест. Со доминацијата (власт, надмоќност) на „колективниот дух“ и со примената на истиот врз луѓето со низок интензитет на свесност. Човештвото на сите континенти (па и кај нас) доживува, стравотна колуминација во презентирањето и прифаќањето на нештата, но не до таа мера за да биде општо прифатена од масите. Секогаш постоела одредена група луѓе, која остро ги критикувала и им се спротивставувала на сите оние, кои принудно ја нуделе и споделувале колективната мисла „како да таа е единствениот модус“ прифатлив и единствен за сите.
„Никогаш порано умственото обединување не отишло подалеку, индивидуалниот дух беше постепено уништуван со цел да се направи и создаде еден колективен дух“ – Пол Вирилио.
Да, животот со себе носи заблуди, но тоа не значи и дека сите ние живееме со истите! Комплексот (кој е изразен од секој аспект), и кој можете да го почувствувате насекаде околу себе, може да изгради несоодветна илузија за се она она што се случува околу нас (како што ни е во моментов). Тие „човечиња“ со „незавидливо ниво на свест“, газат се што им смета на нивниот „идеолошки пат“, истакнувајќи ја сопствената болна амбиција, која прераснува во страст за уништување на се она што има вредност. Критикувајќи, обезвреднувајќи, навредувајќи ги оние кои создале нешто и на кои им се плашат. Ја знаете онаа народната “За добриот коњ секогаш прашина се крева“.
Манипулацијата оди до оној степен што, глупоста на поединецот (интелектуалецот) е разорна, а глупоста на масата е ништо.
На човечињата, стравот им е во самата срж на коската, длабоко вкопан, невозможно истиот да се ослободи, кој е неделива форма и живее во нив. Од ден на ден се’ се повеќе гневни на самите себе, бидејќи не можат да ја постигнат онаа, природна репродукција на нештата, па си измислуваат разни илузиорни теории како да ги докажат своите лажни, наметнати од себе авторитети и идентитети (како да, тие се единствените персони кои, придонесуваат за развој на сите аспекти од нашето живеење), лепејќи си разни етикети на себе, искажувајќи „потврдни“ мислења и ставови за различни професионалности кои, немаат никаква поврзаност со нив….и сето тоа до недоглед со омаловажување, кон оние од кои за жал, искрено се плашат.
Нема да оди ова долго вака. Се има свој почеток и крај. Немој да мислите дека се е вечно!
Вечните страсти и страдања настануваат зашто луѓето се однесуваат на малолетен начин и неуморно се плеткаат во се, нарушувајќи ја рамнотежата на светот (Андреј Платонов).