За што уште служи лакот за коса?

1. Чевли
Вашите омилени чевли или чизми ќе заблескаат со помош на овој производ кој е првенствено наменет за коса. Откако ќе ги исчистите испрскајте ги со лак за коса за да им обезбедите дополнителен сјај. Но, внимавајте, овој трик важи само за обувки со мазна површина.

2. Дамки од кармин
Ова својство на лакот за коса ќе ги спаси жените од добро познатото невнимателно пресоблекување, но исто така, може и тоа како да ги спаси припадниците на посилниот пол од неволја.

Напрскајте го со лак местото на облеката кое е извалкано со дамки од кармин, оставете да отстои 10-тина минути, а потоа истријте го со сунѓерче. За да се извади остатокот од лакот, облеката ставете ја да се испере во машина.

3. Хулахопки

Лакот за коса може да ги спаси и вашите хулахопки. Подрачјето за прстите напрскајте го после секое перење. Така ќе го продолжите векот на траење на вашите омилени хулахопки.

4. Цртежи
Цртежите кои ги прават вашите деца сигурно ви се особено драги. Доколку сте одлучиле на вратата од фрижидерот да закачите еден од нив, мора да го заштитите од масни отпечатоци од прсти, а тоа ќе го сторите со попрскување на цртежот со лак за коса. Заради слојот од лакот, малото уметничко дело поголго време ќе ви го краси домот. 

5. Гума за џвакање
Со помош на лак за коса можете брзо да се решите од гумата за џвакање од тепихот. Откако ќе ја напрскате со лак, гумата ќе се стврдне и вие ќе можете едноставно да ја отстраните со помош на остар предмет.

6. Цвеќе
Сте добиле преубав букет со цвеќиња од многу драга личност и сигурно ви е многу жал што набргу ќе овене. Доколку сакате да го зачувате, откако цветовите ќе се исушат, напрскајте ги со лак за коса. На тој начин ливчињата нема да опаднат. 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.