За што служат мажите?

Кога не би имало мажи не би сме имале деца и немаше да ги коленем до смрт часовите кога на гинеколошкиот стол урлавме или само стенкавме од болка, епидуралната е закон, додека од нас не излезе три и пол килограми месо. Ебено месо кое никако да добие двојка, да дипломира, да се мажи, да се жени, да заработи нешто, да се отсели, да се исели …

Да не беа мажите немаша да знаеме што е суд и судење. Станот во кој живееме би бил наш, алиментацијата нема да ни значи живот, немаше да пегламе кошули, немаше да переме смрдливи маици ако е опседнат со тренинзи, немаше да гледаме преноси на фудбалски натпревари и снукер. Некако ни стана нормално да зјапаме во билесниците кои трчаат по топката но снукер … Снукер, ебате! Стап, топка, дупка, полумрак, напнат задник во сјајни пантолони …

Да нема мажи немаше цел век да читаме студии, автори мажи, кој женски оргазам е вистинскиот оргазам. Гениталниот? Клиторалниот? Научивме. Клиторалниот е лажен оргазам, перверзен оргазам, така свршуваат жените кои не се прави жени, вагиналистките се нормални. Се знаат момците. Затоа во секој филм гледаме како таа вришти кога тој ќе и го стави а ќе и го стави, иако не му е жена, во тесниот ходник на нејзината гарсониера. Гајле му е нему за нејзиниот клиторис кога знае дека жените доживуваат оргазам чим ќе и го стави.

Да нема мажи не би оделе на трауматологија да ни ја спојат вилицата со жица ниту во брза помош да ни го исперат желудникот. Да нема мажи не би ја голтале приказната дека најсреќен ден во животот ни е кога во бело со крпа долга три метра која се влечи позади нас изговараме “да” за нешто без што сме ништо.

Да нема мaжи никогаш не би морале да свршиме вагинално а живот без свршување нема смисла. Искршена глава, дечишта за кои сама се грижиш, хроничен недостаток на пари … Нема врска, твојата смисла на животот е да најдеш некој под итно, било кој, кој, најпрво неслужбено а потоа и службено, ќе ти го стави. Сите кои во тоа не веруваат нека погледнат било кој филм, било која серија или документарец за Првата светска војна.

Готово е! Овие денови две женски измислиле вибратор кој се прилепува за клиторисот, не ти требаат раце, се работи сам. Нешто како оној усисивач во облик на диск. Истовремено твојот маж може да биде во тебе и да се занимава со себе. Додека вибраторот вибрира можеш опуштено да размислуваш за што сакаш. Да ги купам оние чизми или не? А онаа зелена даска на која се сечи само зеленчук? Не ви смеело на истата даска да се удира по месото или овошјето. Ох, ох, свршувам, кога ќе заврши и тој, конечно?

Алелуја, алелуја. Нема веќе глума, нема веќе тука, лево, малку десно, не, накај средината … Ебате, јас сум фригидна, дали ќе се јави, зошто не се јавува … Готово е! Наскоро жените желни за секс вибраторот во облик на жаба ќе го стават на клиторисот па тотално опуштено ќе гледаат на мобилниот. Ќе се јави? Нема да се јави? Кој го ебе! 

За што служат мажите? Прашајте ја рибата дали за роденден сака велосипед.

 

 

Извор: www.rudan.info/
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.