За што се користат тениските топчиња?

Ви носиме неколку интересни начини за користење на обичните тениски топчиња:

1. Отстранете ги трагите од чевлите

Лошите црни траги од чевлите можат едноставно да се отстранат токму со помош на топчињата. Направете на топчето два реза во облик на буквата Х, па ставете ја на рачката од старата метла. Со топчето истријте ги трагите од гумениот ѓон и тие потполно ќе исчезнат.

2. Заштитете го катанецот од замрзнување

Со нож направете рез на топчето и навлечете го преку надворешниот катанец. Тоа ќе спречи навлегување на вода во бравата и нејзино замрзнување.

3. Променете ја скршената светилка

Скршената светилка може да биде незгодна за одвртување и токму поради тоа употребете го тениското топче. Внимателно отстранете ги кревките стакла, земете го топчето и поставете го на металниот, зашрафен дел од светилката, Со кружни движења полека одшрафите го остатокот и проблемот е решен.

4. Направете сензор за паркирање

Закачете го топчето на коноп и заврзете го на плафонот од гаражата. Наместете го так што кога ќе влезете со автомобилот во гаражата и кога топчето ќе ја допре шофершајбната, точно ќе знаете дека вашиот автомобил е правилно паркиран.

5. Направете отворач за тегли

Исечете го топчето на половина и една половина искористите ја за отворање на тегли. Притиснете ја половината од топчето на капачето и завртете. Внатрешниот гумен дел ќе создаде добра основа што ќе ви ја олесни работата.

6. Измасирајте си ги стапалата

Оваа вежба можете да ја правите и додека гледате телевизија. Топчето ставете го на под и со боса нога, со нежни движења тркалајте го топчето. Веднаш ќе почувствувате олеснување.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.