За седум месеци потрошени 73 милиони евра за увоз на струја

Според анализата на Фактор недостатокот на струја на домашниот пазар која се покрива со увоз на скапа струја нема и овој пат да ги задоволи потребите од истата. Статистичките податоци кои се на располагање за јавноста не објаснуваат за колкаво количество електрична енергија станува збор за потрошените 73 милиони евра во период од седум месеци. Иако за периодот од седум години и потрошените пари за увоз на струја може да се изградат објекти за производство на истата, или да се финансираат алтернативни извори на енергија Македонија се уште увезува трошејќи ги народните пари.

Ова се одразува негативно и на економската состојба во земјата со оглед дека ниедна сериозна компанија не би инвестирала во пазар каде не е сигурно дали ќе се обезбеди доволно струја за да би можело нормално да функционира било кое производство.

Дел од енергетичарите кои ги консултираше Фактор неофицијално велат дека овие податоци за растот на увозот на струјата се загрижувачки. Тие алармираат дека дводецениската летаргија на неправење ништо во енергетиката трае предолго и дека Владата и ЕЛЕМ итно мора да ја подобрат енергетската слика на Македонија.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.