За новите мајки – слободно следете ги своите инстинкти

Свекрвите, мајките, сестрите, пријателките се великодушни, добронамерни, полни со љубов, но понекогаш заповеднички настроени со своите искуства и решавања на ситуациите. Слушањето и споредувањето со искуствата на другите мајки може да биде важно, но уште поважно е да научите како да ги слушате и следите своите инстинкти.

На крај, дури и ако сакате да верувате во советите на другите, би било тешко да изберете апсолутен и одреден водач од бројните кандидати.

Кога ќе се соочите со проблем, лесно ќе дојдете во ситуација да најдете некој друг кој ќе ве советува на кој начин нешто да направите и некој кој ќе го тврди баш спротивното. На кој да му верувате? Само себе си. Она што вашит мајчински инстинкт го кажува е најдоброто решение за безгрижно растење на вашето дете. 

Одлучно, но со благодарност на кој и да ви дава совети, предлози, со добра намера, објаснете му ја вашата тешкотија да се справите со мешање во некои прашања или проблеми. Споделете ги своите стравови со некој близок и објаснете дека преголемото внимание ви создава притисок.

Објаснете им на оние кои сакаат да помогнат дека многубројните освети прават да се чувствувате уште понесигурно кога треба да решите некоја ситуација, дека не сте способни тоа сами да го направите, дека бирате погрешно решение, правите работи со кои не се сложувате во потполност. Битно е да го направите тоа, бидејќи чувствата и состојбата на мајката “влијаат” и на нејзиниото дете.

Реакциите на мајката мораат да бидат соодветни, за да би му гарантирале на своето дете правилна доза н љубов. Бебињата ја забележуваат мајчината несигурност кога таа се грижи за нив. Бебето се плаши и станува нервозна поради таа несигурност и бара, на свој начин, мајката да се грижи за неа без дополнителна загриженост.

Ниту една жена не е родена како мајка. И ниту една мајка не е во состојба по некој магичен пат, бспрекорно да се грижи за своето дете посебно на почеток. Но секако дека сите мајки можат да сметаат на јачината на врската која ја спојува со детето и која им помага да ги толкуваат неговите потреби подобро од било кој друг. Да се биде мајка значи секојдневно да се соочувате со мали и големи дневни проблеми, ставање сами себе си на тест. 

Доењето, плачот на бебето, непроспиените ноќи, нормалните тешкотии во текот на првите неколку месеци сигурно ќе влијаат врз вашата несигурнот и сомнеж. Но тоа секогаш се однесува на потребите на детето кои се потполно нормални, со кои мајката е во целост способна да се соочи на свој начин, без потреба некој да ја надгледува. Немојте да се плашите од потребата да бидете сами кога ќе стигне бебето, кога ќе го бањате, облекувате. Тоа е природна потреба како реакција на потребата за интимност на чувствата. Тоа е простор во кој можете да ги откриете своите сваќања за мајчинството и да научите како да бидете мајка и својата способност да бидете мајка.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.