За насилство – домашен притвор, за новинарски текст – во Шутка

Сега судот не гледа причина дека двајцата можат да избегаат, да влијаат врз сведоците и што уште не од причините кои ги наведуваше кога сакаа да го оправдаат притворот на новинарот Томислав Кежаровски, продолжуван во три наврати по 30 дена.

Судот сметаше дека Кежаровски има опасност да избега, но зошто не ја гледа истата опасност сега?

Токму ова е апсурдот на македонското судство, кое секојдневно се демантира низ своите пресуди и одлуки.

Неодамна за убиство во Тетово на Крсте Стерјоски убијците добија вкупна казна од 4 години. Тој им подлегна на повредите по физичкиот напад. Неговите роднините протестираа пред судот со пароли „Седум години за кражба, а за убиство една година“.

Токму, со изјава од заштитен сведок што слушнал и што претпоставува, 12 години затвор доби Љубе Бошкоски за помагање на убиство пред повеќе од една деценија.

Дали на судот му е јасно зошто се протестира пред неговите врати?

Извор А1ОН

Leave a Reply

Your email address will not be published.