За своите лоши менаџерски способности за туризам, Бакрачевски ги обвини новинарите!

На прес конференција што ја одржа во Скопје, тој рече дека нема ден, а да не се објави тенденциозен и некоректен прилог со кој најчесто се критикува градот, пренесува Телма.

-Се` почна од пред еден месец, со наводно високите цени, па нељубезноста на персоналот и лосата услуга, преку концертот на Цеца, иако нагласив дека ние не го организиравме, вели Никола Бакрачески. Тој ги демантира и прилозите за зголемена појава на водни змии, како и тие за дивите депонии, тврдејќи дека Охрид никогаш не бил почист.

-Објавените слики воопшто и не беа од Охрид, ние имаме дваесет и четири часовна смена на Комунална хигиена, тврди Бакрачески.

Градоначалникот тврди и дека цените на сместувањето и пијалоците се три до пет пати поевтини од Грција и побара од новинарите да имаат коректен и избалансиран пристап при известувањето и за ова, особено во екот на туристичката сезона. Не негира дека Охрид има и недостатоци и грешки, особено околу бучавата од кафулињата и рестораните во центарот, за што газдите веќе добиле 40-на прекршочни пријави. Задоволен е од посетата на странските туристи, чиј процент годинава е шест ипол отсто поголем од лани. Дел од нив и трајно се населуваат во градот.

Четириесетина Холанѓани купиле куќи и станови во Лагадин и Пештани, а неколку семејства Британци, во Рача. Не смета дека треба да ги стимулираме граѓаните да не одат на одмор кај соседите, но вели треба да ги поттикнуваме да летуваат во домашните капацитети. Тој самиот потврди дека летово бил на викенд во Грција.  

Leave a Reply

Your email address will not be published.