За Газа “нормала” значи разорување

За Западниот брег, нормала е Израел да ја продолжи својата илегална изградба на населби и инфраструктури како во Израел би го интегрирал сето она што е од некаква вредност, истовремено осудувајќи ги Палестинците на нечовечки кантони и изложувајќи ги на репресија и насилство.

За Газа, нормала е бедното преживување под суровата и деструктивна опсада која ја спроведува Израел, овозможувајќи основно преживување но ништо повеќе од тоа.

Најновото израелско дивеење е покренато со брутални убиства на три израелски момчиња од заедницата во окупираниот Западен Брег. Месец дена пред тоа, две палестински момчиња се убиени во Рамали, град на Западниот брег. Тоа не прилече многу вниамени, што е разбирливо, со оглед дека се случува редовно. 

“Институционализираната рамнодушност према палестинските животи на Запад делимично е објаснување не само за тоа зошто Палестинците се свртуваат кон насилство” пишува блискоисточниот аналитичар Муин Рабани, “туку и за најновиот напад на Израел врз појасот Газа.”

Во едно интервју, експертот за човекови права Раџи Сурани, кој останал во Газа и покрај долгогодишната израелска бруталност и терор, вели: “Кога некој ќе почне да зборува за примирје, најчесто го слушам следново: подобро е сите да изгиниме отколку да се вратиме во ситуацијата од пред војната. Не ни треба тоа повторно. Немаме никакво достоинство, никаква гордост, ние сме само лесни мети и сме многу ефтини. Или оваа ситуација ќе се поправи или е подобро едноставно да испоумреме. Зборувам за интелектуалци, професори, обични луѓе: сите го кажуваат истото.”

Во јануари 2006 година Палестинците извршиле голем злочин: погрешно гласале на внимателно следените слободни избори, доверувајќи му ја на Хамас контролата над парламентот.

Медиумите непрестано повторуваат дека Хамас е решен да го уништи Израел. Всушност, лидерите на Хамас во повеќе наврати јасно ставија до знаење дека Хамас ќе прифати дводржавно решение во склад со меѓународниот консензус, кој веќе 40 години го блокираат САД и Израел.

Од друга страна, Израел е решен да ја уништи Палестина, и освен некои повремени бесмислени изјави, на тоа посветено работи.
Палестинското прекршување од јануари 2006 година веднаш е казнето. САД и Израел, заедно со Европа која срамно игра околу нив, наметнаа строги санкции на грешното население, додека Израел го засили насилството. 

САД и Израел набрзо покренаа планови за воен удар како би се срушила избраната влада. Кога Хамас се осуди да им ги поремети плановите, израелските напади и опсадата станале многу посериозни.

Непотребно е повторно да се изнесуваат овие неславни резултати. Немилосрдната опсада и нападаите се прошарани со епизоди ‘косење на тревникот’, да го позајмиме овој весел израелски израз за неговите периодични вежби на пукање во риби во буре – во рамките, како што израел официјално ја нарекува, ‘одбрамбената војна’. 

Кога тревникот ќе се искоси и кога обичниот народ ќе почне некако да се опоравува од разорувањата и убиствата, следува примирје. Последното примирје било воспоставено по нападот на Израел во октомври 2012 година, под назив операција Столб на одбрана. 

Иако Израел продолжил со опсадата, Хамас го почитување примирјето, како што признава и Израел. Ситуацијата се сменила во април оваа година кога Фатах и Хамас постигнале спогодба за единство со која е воспоставена нова влада составена од вонпартиски технократи.

Израел, се разбира, побесне, по што и администрацијата на Обама заедно со остатокот од западниот свет го сигнализирала своето одобрување. Единствената влада не само што ги потврдила тврдеања на Изараел дека не може да преговара со поделената Палестина, туку и ја загрозува долгорочната цел на одвојување наГаза од Западниот брег и водењето на деструктивна политика во овие две области. 

Нешто мораа да направат, а можноста се укажала на 12 јуни, кога три израелски момчиња се убиени на Западниот брег. Од самиот почеток, владата на Нетањаху знаела дека момчињата се мртви, но се правела дека не знае, што и давало можност да започне дивеење на Западниот брег, напаѓајќи го Хамас. 

Премиерот Бенјамин Нетањаху тврдел дека има одредени сознанија за одговорноста на Хамас. И тоа беше лага. 

Еден од израелските водечки експерти за Хамас, Шломи Елдар, веднаш напишал деке убијците најверојатно припаѓаат на бунтовничкиот клан во Хеброн кој веќе долго време му прави проблеми на Хамас. Елдар додал: “Сигурен сум дека не добиле никакво зелено светло од раководството на Хамас, само мислеле дека е вистински момент да направат нешто.”

Осумнаесетдневното дивеење после киднапирањето, успеало да ја подели омразената единствена влада и драстично да ја заостри израелската репресија. Израел извршил и десетина напади во Газа, убивајќи пет припадници на Хамас на 7 јули.

Хамас конечно реагирал испалувајќи ги првите проектили после 19 месеци, давајќи му на Израел изговор за операцијата Заштитна ивица на 8 јули.

До 31 јули убиени се околу 1400 палестинци, главно цивили, вклучувајќи стотина деца и жени. И три израелски цивили. Големи делови од Газа се претворени во рушевини. Нападнати се четири болници, од кои секоја е посебено воено злосторство.

Израелските официјални лица ја величаат хуманоста, како што велат, “најнормалната војска на светот”, која прво ги известува жителите дека куќите ќе им бидат разрушени. Овие постапки се ‘садизам, лицемерно претставен како милосрдие’, според зборовите на израелската новинарка Амира Хас. “Снимената порака во која од стотина илјади луѓе се бара да ги напуштат своите веќе оштетени домови, и да се повлечат 10 километри подалеку каде е еднакво опасно.”

Всушност, не постои ниту еден агол во затворот наречен Газа каде може да се побегне од израелскиот садизам, кој можеби веќе ги надмина размерите на ужасни злосторства на операцијата Лиено олово од 2008 до 2009 година. 

Сознанијата за ужасите предизвикаат вообичаени реакции на најморалниот претставник на светот, Барак Обама: големо сочувство со Израелците, остро осудување на Хамас и повикуавање на двете страни на умереност.

Кога денешните напади ќе запрат, Израел се надева дека непопречено ќе продолжи да ја спроведува својата криминална политика во окупираните територии, со подршка на Америка каква што имал и во минатото. 

На населението во Газа ќе им биде дозволено да се вратат во својата нромала, во својот затвор под управа на Израел, додека на Западниот брег Палестинците ќе можат мирно да гледаат како Израел го разорува остатокот од нивните имоти.

Тоа е најверојатно исходот доколку Америка продолжи одлучно и практично унилатерално да ги подржува израелските злосторства, и да го отфрла долгогодишниот меѓународен консензус за дипломатско решение. Но иднината ќе биде сосема поинаква ако Америка ја прекине оваа подршка.

Во тој случај може да се тргне кон ‘трајно решение’ во Газа, на кое апелирал американскиот државен секретар Џон Кери, предизвикувајќи хистерични осуди во Израел, бидејќи овој израз би можел да се протолкува како повик на запирање на израелската опсада и редовните напади. И – каков ужас – може да се разбере дури и како повик на спроведување на меѓун араодното право во останатите окупирани територии.

Пред 40 години, Израел донел судбоносна одлука, избирајќи експанзија наместо безбедност, отфрлајќи го мировниот договор кој Египет го понудил во замена за повлекување од окупираниот египетски Синај, каде Израел започнал обемни проекти на населување и изградба. Израел се држел до таа политика до денес. 

Ако Америка одлучи да се придружи кон светот, ефектот би бил огромен. Израел секогаш отстапувал од своите сакани планови кога Вашингтон тоа го барал. Таков е односот на силите меѓу нив. 

Притоа, Израел сега веќе нема многу избор, со оглед дека водел политика која од некогаш многу ценета земја го претворила во држава во која се сее страв и предизвикува презир, политика која ја спроведува со заслепеност и денес, додека со крупни чекори граби кон морална пропаст, а можеби и конечно уништување. 

Може ли да се смени американскиот став? Не е невозможно. Ставот на јавноста последните години значајно се изменил, особено меѓу младите, и не може целосно да се игнорира. 

Веќе неколку години се слушаат барања Вашингтон да ги почитува сопствените закони и да ја запре воената помош за Израел. Американскиот закон пропишува дека “никаква безбедносна помош не смее да се дава на држава чија влада редовно ги крши меѓународно признатите човекови права.”

Израел е секако виновен за ова редовно кршење на правата, и тоа веќе долг низ години.

Сенаторот Патрик Лихи од Вермнот, автор на оваа одредба од законот, ја спомнал нејзината можна примена врз ИЗраел во конкретни случаи, и заедно со добро изведени образовни, организациони и активистички напори, таквата иницијатива би можела сукцесивно да се спроведува.

Тоа само по себе би можело да донесе резултати, додека истовремено би обезбедило отскочна даска за наредните акции на приморување на Вашингот да стане дел од ‘меѓународната заедница’ и ги почитува меѓународното право и нормите.
Тоа би било најголема помош за трагичните палестински жртви на долгогодишното насилство и угнетување.

 

 

 

Извор: inthesetimes.com

Превод: Попова


 

Leave a Reply

Your email address will not be published.