За духот, за мислата, за слободата…

Не замислував дека моите мисли можат да тежнеат и градат стремеж кон нешто кое се нарекува (не) живот, неблагодарен живот опседнат со мистична некреативност, маленкост, неконтролираност на искрените чувства, кои ги нудев секаде и имаше за секој.
Да!!! Понекогаш е добро да ја изрецитираш глупоста, да ја имитириш така умешно, глатко да се дефинираш себе си како идиот, што во очите на останатите ќе биде примамливо, радознало прифатен и злоупотребен во секој аспект. Длабоки се мислите на тагата, а таа владее, те обзема, ти ја јаде душата и тогаш кога, најмалку очекуваш дека може да се случи тоа.


Понекогаш дури не’ веруваш што ти се случува? Се чудиш на секој момент кој негативно ти се одразува, те повредува и боли, боли до оној степен што те тера на штуро прифаќање на вистината, што те тера да излезеш и да не знаеш каде одиш и зошто си таму??? Ќе дојде ден и ќе се разбудиш во поле сам, без никој околу тебе, осамен, згрутчен од студот кој ти ги обземал коските.

 

Колку и да сакаш, да посакуваш нешто да промениш…..секоја мисла ти се струполува како, снегулка која паѓа во рана пролет и се топи на твоето лице, миејќи ги солзите кои, не знаат зошто течат по твојата кожа..
Се губиш до бесознание и ништо не може да те смири. Исчезнуваш, се превиткуваш како змија, која бавно умира и ти тоа го знаеш, знаеш дека ќе дојде крајот на твоето битие. Изгубен, одиш по трнливата калдрма на твојот живот, истата калдрма која проба да ја доизградиш, калдрмата која го означуваше твојот животен патоказ, која ти го овозможи патот на твојот стремеж, што се нарекува Слобода на Постоењето. Но, сега е веќе касно…


Одиш сам против методот, методот на останатите идиоти, против кој ти се бореше исправно, цврсто, со таков порив, кој сега нема никакво значење за никој, а и за тебе. Никој не памети ништо добро што си направил, никој нема грижа на совеста за тоа, каков вид на влијание си создал и која била твојата цел!!! Се е тоа утописка илузија, која не постои, никој не ја оправдува, никој не сака да ја спомене, свесно те забораваат и со причина сакаат да те заборават, не им требаш, не си им потребен како некогаш, те злоупотребија, ти им дозволи да ти ја одземат душата, да ти ја одвојат од телото…


Ти си главниот виновник за твојата бескропулозност, за твојот неизмерно тажен живот и постоење, кое се мери со изгубената страст кон нештата кои те исполнуваа некогаш, нештата, кои те натераа да бидеш тоа што си, или тоа што сакаше да бидеш.
„Што ли сторив лошо“ се прашуваш? Зошто ме обливаат мисли на морбидност, трулост, песимизам, негативност, самоубиство? Зошто сите околу мене се идеализираат во нешто свето, а јас не? Што ми недостига мене? Цел живот се борам за идеал и сега го изгубив, го нема, исчезна, се струполи низ нишката на бесцелноста.


Не се поднесува самотијата на духот, иако телото покажува нешто поразлично од тоа, нешто настрано, нешто, на кое не може да му се најде причината за да биде целосно и реално.
Зошто сум овде? Која е причината? Зошто сеуште егзистирам во мраков на мојата душа? Неиздржлива е моменталнава голгота на мојата гротескна положба. Исмејување, наивност, глупост, непочитување и нудење на помош. Зошто? Зошто сето тоа се случува? Зошто не можам да го пронајдам главниот мотив??? Сакам да излезам од ова сениште во кое сум претворен! Потребно ми е решение, а не можам да го најдам…


Престани !!! Престани да мислиш на лошите дејствија, и на се она кое ти го наметнаа, на сето она што те натераа и те присилија да дејствуваш. Престани да размислуваш на зависта, што ти ја всадија во секоја слободна мисла која произлегува од тебе!! Искрено Ти препорачувам…ослободи се од чинот на завист!!! Зависта не е за добрите луѓе. Таа, не може да биде составен дел од некој, кој никогаш ја немал во себе, Зарем не гледаш дека си оставен сам?? Утрешниот ден тоа нема да го смени. И да дојдат уште илјада нови утра, моментот ќе остане непроменет, ќе се движи со истиот зол жар, се повеќе и повеќе, се додека не сватиш дека не можеш сам. Твојата добрина допре до секој, секој субјективно ја вкуси, и сите заеднички ја живееја. А тебе, тебе ти ја растргнаа душата како гладни волци во најстудената зима, која некогаш си можел да ја замислиш. Откажи се!!! Не мисли повеќе!! Твоите мисли не раѓаат плод!


Немоќен си за да страдаш! А, ужасно страдаш во моментов.. Си нанесуваш уште поголема болка со твојата добрина и борбена жар, која што сакаше да ја преточиш во ентузијазам кај другите. Жал ми е за тебе, но не можам да ти помогнам. Ти сам на себе не можеш да си помогнеш. Доцна е..А, сеуште боли…боли и не престанува.. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.