Божиновски: Врската Цане Суботиќ – Сашо Мијалков е причината заради која сум притворен

Во ексклузивното интерву за босанскиот „Микстер портал“, Божиновски вели дека условите во затворот кај што се наоѓа не се најдобри, но нема никакви поголеми замерки.

Тој во интервјуто тврди дека никогаш никој не уценувал, за никој не шпионирал и има докази за сето тоа.

– Од 1999 година до денес, во сите неприлики во кои сум се нашол (апсења и атентати) стоеја Стејт департментот, ЕУ, ОН, Хелсиншкиот комитет, Репортери без граници, Светска новинарска организација, СЕЕМО – вели Божиновски.

Како што вели во интервјуто, тој го отпуштил адвокатот кој му бил доделен по службена должност и понатаму ќе го застапува адвокатот Горан Петронијевиќ.

Извор А1ОН

Leave a Reply

Your email address will not be published.