Врската меѓу несоницата и кавгите

Партнерите кои не се наспани имаат чести и сериозни конфликти – вели психологот Ејми Гордон, автор на студијата објавена во магазинот „Social Psychological and Personality Science”.
Гордон и нејзината соработничка, психологот Серена Чен, прибирале податоци за навиките и спиењето кај сто парови кои, во просек, биле во врска барем две години.
Испитувани биле за деталите околу спиењето и стресот во својата романса. Резултатите се покажале очекувани. По лошо преспиена ноќ паровите доаѓале до неразбирање и расправии.
Во друг експеримент паровите разговарале за причините за кавгите. Се покажало дека испитаниците кои се чувствувале изморено значително биле нервозни и негативни, а со тоа имале помали шанси да го решат проблемот. Не биле способни ни реално да ги проценат емоциите на партнерот.
Непроспиена ноќ може да предизвика промени кај расположението. Интересно е дека несоницата почесто ги мачи жените отколку мажите. Доктор Алон Авидан, директор во Истражувачкиот центар за проблеми со спиењето, вели дека проблемот можеби е и во еволуцијата.
– Во еволутивна смисла, жените повеќе се будат ноќе и се грижат за децата, па затоа е логично будењето да им е потешко, како и опуштањето и мирот – вели Авидан.
Недостатокот на сон на пет начини може да влијае на врската. Може да предизвика раздразливост, промени на расположението, зголемување на телесна тежина, депресија, но и да се намали либидото.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.