Вообичаените замки за потрошувачите

Сте потрошиле многу повеќе пари отколку што сте планирале, па по враќањето дома, се прашувате што од тоа ви требало. Ако ќе ви биде полесно, не сте вие виновни што сте паднале во мрежата која ја креирале досетливите трговци за да ви извлечат некој денар.

Вообичаените работи, како што се широкиот премин меѓу рафтовите, поскапите производи на крајот од редот, досадна музика, шарени слатки производи наменети за децата кои се сместени во близина на касата, како и тесниот простор до нив – се тоа се замки за потрошувачите.

Еве ги најчестите методи со кои се служат големите трговци и големите ланци маркети за да ги ‘навлечат’ купувачите да потрошат повеќе.

Вештачко светло и досадна музика

Во големите трговски центри и мегамаркети нема прозорци, осветлени се само со вештачка светлина. Тоа, секако, не е случајно. Потрошувачите на тој начин забораваат кое време од денот е и губат претстава за тоа колку се задржале во купувањето. Овој модел е превземан од коцкарниците, додека досадната музика тука како би поттикнала понатамошно натрупување на производи во корпата.

Закриени корпи, млеко и леб

Корпите на влезот во маркетот често знаат да бидат на места кои не може да се видатза д апотрошувачот го изгуби трпението и посегне за количка. Прво во неа ќе ставете млеко – најпродаваниот производ. Меѓутоа, за да дојдете до него, неретко е потребно да го поминете целиот маркет бидејќи тоа се наоѓа на крајот во некој агол. Слично е и со јајцата, кои исто така се наоѓаат на непрегледно место. Поради тоа мирисот на лебот ќе го почувствувате каде и да се наоѓа, бидејќи модерните маркети имаат и свои мали пекари во кои печат леб и ве мамат со неговиот мирис. А сето тоа за да чувството на глад ве тера повеќе да купувате. 

Гужва на касата

Трговците нудат купони кои во овозможуваат минимална заштеда но придонесуваат кон гужвите на крајот од купувањето. Со нивна помош трговските ланци собираат податоци за омилените начини на кои трошите, дали се тоа реклами, попусти, каалози кои ви ги праќаат на домашна адреса. Пред касата се создава гужва поради претесните редови, а кога купувачот станува нервозен посегнува по некоја ситница која ќе го расположи на крајот од купувањето. Тука главно се наоѓаат слатки работи во различни бои кои ги привлекуваат децата.

Не верувајте им на акциите

Натиписите од типот ‘акција’, ‘ефтино’, ‘плати две, земи три’ и ‘ограничен број производи’ се само некои од оние на кои купувачите најчесто наседнуваат. Таквите огласувања ја будат желбата за купување повеќе производи бидејќи помислата дека нешто ќе добиете ве тера да купувате повеќе. Секако, се со идеа да заштедите.

Најскапите производи пред очи

Најстариот трик на кој паѓаат купувачите е кога ќе им се стави најскапиот производ пред очите. По правило најефтините произовди се наоѓаат на дното или на највисоките полици, додека скапата и брендирана роба се реди во висина на очите и на крајот на редовите. Сето тоа со цел да ви биде на дофат на рака, а од тоа не се заштитени дури ни децата. Лижавчињата, шарената амбалажа, грицкте, ликовите од цртаните филмови и сликовниците наменски се сместени во висина на детските желни очи.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.