Употребени водени топови во Белфаст

Ова е четврта ноќ по ред на протестите во овој град по повод „маршот на портокаловите“, со кој протестантите секоја година на 12 јули ја одбележуваат воената победа над ирските католици во 17-от век.

Околу илјада припадници на полицијата беа дополнително ангажирани за редот и мирот во Белфаст по собирот во петокот, кој доведе до општ хаос во градот.

Оттогаш најмалку 40 полицајци се повредени за време на судирите со демонстрантите, кои подметнувале пожари и палеле знамиња, главно во деловите на Белфаст каде живеат мнозинство католици, извикувајќи „Нема предавање!“ и фрлајќи „молотови коктели“ врз полицијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.