Ерих Фром: Во вакво општество тешко е да се не’ чувствуваш осамено

Оној кој во потполност не е отуѓен, кој не го изгубил чувството за достоинство, кој се’ уште не е „на продажба“, кој се’ уште може да страда за другите, кој се’ уште не го присвоил материјалното како начин на постоење – накратко, личноста која остана личност, а не станала работа – не може во денешното општество не чувствува осамено, немоќно, издвоено, да не се сомнева во себеси и сопствените убедувања ако не и во менталното здравје, да не пати дури и во моментите на радоста и луцидноста (јасноста) каква што нема во животот на „нормалните“ современици. Тој често ќе страда од невроза како исходот на животот како нормален човек во ненормално општество отколку од онаа вообичаена невроза на болниот човек кој настои да се прилагоди на нездравото општество. Во процесот на понатамошното анализирање на себе, тоест растење кон зголемената независност и продуктивност, тој ќе ги излечи своите невротични симптоми. Во потешкотиите на патот до животот кој ни одговара…


… Ако двајца луѓе биле странци, како што сите ние сме, наеднаш sидот низ нив се руши, ќе почувствуваат блискост, соединетост, тоа чувство на соединетост е едно од најблаженствените, највозбудливото чувство во животот.
Нема готово ниедна активност, или зафат, кои, како љубовта, започнуваат со толку големи надежи и очекувања, а кои сепак, редовно се пореметуваат.


Во пркос на длабокото вкоренето чувство кон љубовта, сето останато готово се смета за поважно од љубовта: успех, престиж, пари, власт – готово сета своја енергија ја насочуваме само за да дознаеме како да стигнеме до овие цели, а многу малку се трудиме да ја преовладаме умешноста на љубовта.


Љубовта, или останувањето во љубовта, а не заљубеноста, е свесен и одлучен чин на волја, умешност, која мораме да ја надвладееме како и секоја друга умешност, како умешноста со дрводелство или умешноста на музиката. И бара грижа, одговорност, респект и знаење.


Трагедијата на сите големи религии е да ја кршат сета основа на принципот на слобода чим станат масовна организација која управува црквената бирократија. Верската организација и луѓето кои зборуваат си ја припишуваат улогата на фамилија, племе или држава. Го поддржуваат врзувањето на човекот отколку да го пуштат да биде слободен. Се обожува не’ Бог, ами групата која тврди дека говори во негово име. Тоа се случи во сите големи религии. Нејзините основачи го водеа човекот низ пустина, вадејќи го од египетското ропство, додека другите го враќаат назад кон новиот Египет, нарекувајќи го, за волја на вистината, Ветената Земја.
 

Ерих Селигман Фром (Март 23, 1900 – Март 18, 1980)

Leave a Reply

Your email address will not be published.