Во Приштина судир меѓу демонстрантите и полицијата

Според очевидци полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите и употребила сила за да ги растера лицата кои ги блокирале влезовите на двете згради.
Трисет и девет демонстранти се приведени од полицијата, јавија косовските медиуми.
Протестите беа организирани од опозициското движење Самоопределување, кое се противи на спогодбата потпишана со Белград, со посредство на Европската унија во април, а која предвидува ограничена автономија за Србите на Косово.

Leave a Reply

Your email address will not be published.