Ексклузивно: Во овие моменти штрајк во “Дрекслмаер”
Вистинско фијаско се случува во овие моменти пред капијата на фабриката “Дрекслмаер” во Кавадарци.Скоро сите вработени од ноќната (трета) смена кои треба да се на линијата на своите работни места, во овие моменти тие протестираат пред капијата на компанијата изразувајќи го својот револт и незадоволство.
Главната причина на овој штрајк е намалувањето на персоналниот доход на вработените и тортурата која им се врши на работното место како и психолошкиот притисок кој го трпат од претпоставените. До редакцијата на “Мојотград” пристигнаа неколку пораки од вработени лица од општина Кавадарци кои се наоѓаат во овие моменти пред капијата на “Дрекслмаер” изразувајќи го своето незадволство.
Во текот на утрешниот ден ќе пренесеме подетални информации во врска со овој настан.