Во Македонија „тоне“ пазарот на нови автомобили

Од една страна, таквата мерка овозможи поевтино да се дојде до автомобил, но во исто време владата ги намали еколошките стандарди за увоз од ЕУР 4, на ЕУР 3 и помалку, што значи дека за животната средина оваа мерка на подолг рок ќе има негативен ефект.

Статистиката на Царинската управа за увоз на возила покажува десеткратна предност на старите пред новите автомобили. Исто така, регистрира пад на пазарот на нови автомобили, што е одраз на слабата побарувачка.

24-auto4Така, во периодот јануари – јули 2013 г. увезени се вкупно 1.937 нови автомобили што во споредба со истиот период минатата година кога се продале 2.490 патнички возила значи пад во увозот за околу 25% (или 553 во број на коли).

Кај увозот на половни автомобили, бројките се скоро десеткратно поголеми. Во периодот јануари-јули годинава, во земјава биле внесени 17.680 половни автомобили, што е за 9% повеќе од истиот период лани, кога се увезле 16.116 стари коли. Во 2011 г. во перидот јануари-јули се увезле 20.058 половни автомобили, но тогаш се внеле во земјава и повеќе нови автомобили, вкупно 3.790, што е речиси двојно повеќе од годинешниот увоз.

Пред да се донесе владината мерка од 2010 година, ситуацијата во увозот била спротивна. Во 2009 г. биле увезени вкупно 10.574 нови автомобили, а 2.944 половни, за веќе во 2010 г. трендот да се смени со увезени 7.183 нови патнички возила, а 51.399 половни. Во 2011 г. соодносот е 5.795 нови и 34.326 стари возила.

ЕУР 2 и ЕУР 3 стандарди кои се важечки во Македонија за увоз на стари возила имаат ниско развиените земји како Бангладеш, Бутан, Филипините. Во ЕУ на сила е стандардот ЕУР 5, а во 2014 г. се воведува ЕУР 6.

Извор Јавност

Leave a Reply

Your email address will not be published.