Во Кавадарци се одржа есенска училишна трка за учениците

Во рамките на општинскиот сојуз на училишен спорт на Кавадарци минатата недела, четврток 27. декември, се реализира есенска училишна трка која продефилира по улицата “Илинденска” во Кавадарци.

И покрај врнежите од дожд на самиот старт на трката присутни бea околу 1.200 ученици.

Претседателот на општински училишен спорт, Милан Колев, посочи дека ваквите настани се одвиваат со цел да им се даде на младите насока во која ќе се развиваат во областа на спортот. Победници има од повеќе категории како четврто и петто одделение, шесто и седмо, како и од прва до четврта година средно образование во машка и женска конкуренција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.