Во Кавадарци “мирно” дочекана Новата Година

Новата година полицијата ја дочека со два помали инциденти. На први Јануари околу 5 часот наутро регистрирана е тепачка помеѓу малолетни лица.
Вториот инцидент е регистриран синоќа околу 1 часот по полноќ каде во полициската станица стигнала пријава од угостителски објект во Кавадарци. Сопственикот на објектот не дозволил влегување на лице кое било под дејство на алкохол и кое подолго време непристојно се однесувало пред локалот. И покрај присуството на полициски службеници лицето продолжило со непристојното однесување по што било приведено и кај него се измерени над 2 промоли алкохол во крвта.

Незгоди не се случиле и во сообраќајот а на телефонскиот број 192 не се регистрирале пријави од граѓани за нарушување на јавниот ред и мир.

Leave a Reply

Your email address will not be published.